Фаучи: Сојот омикрон во САД на максимум кон крајот на јануари
Ентони Фаучи, главен медицински советник на претседателот на САД, Џо Бајден, изјави синоќа дека до крајот на јануари може да се очекува пик на распространетост на сојот Омикрон во САД.
-Тешко е да се каже во кој момент сегашниот пораст на инфекции, поттикнат од сојот Омикрон, ќе почне да се намалува.
– Во ЈАР тоа се случи многу бргу…Со оглед на големината на нашата држава и различните показатели за вакцинација, наспроти невакцинирањето, веројатно врвот ќе биде до крајот на јануари, изјави Фаучи.
Според него, можно е сојот Омикрон да го забрза крајот на пандемијата, доколку се покаже точно дека таа варијанта, со својот висок степен на преносливост, ги заменува другите видови на вирусот што предизвикуваат потешки инфекции.
-Се надевам дека тоа е така, но нема гаранција дека тоа ќе се случи.Но, ако имате многу пренослив вирус што заменува друг вирус, а тој има помал степен на сериозност, тоа би било позитивен исход.Но, никогаш не можете да гарантирате.
– Овој вирус не измами и претходно. Мислевме дека со вакцините се ќе биде во ред, а потоа дојде сојот Делта, што уништи се.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД: Неонацистичка група има намера да се…
Предизборната кампања во САД се соочи со…
САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…
Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…
Хантер Бајден ќе ја добие пресудата осум…
Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо…
САД и Велика Британија ги повикаа нивните…
Амбасадата на САД во Бејрут и британската…
Хрватска набавува најмоќно оружје во својата историја:…
Хрватска го набавува најмоќното оружје што досега…