(Видео) Новогодишно обраќање на Мицкоски: 2022 ќе биде година во која промените и проектите ќе ја донесат конечната победа, триумф на вистинските вредности

t

Почитувани сограѓани, годината што заминува ни остави различни емоции. Ковид пандемијата, енергетската криза, економското уназадување, трагедиите во Тетово и Бугарија и неспособната и неодговорна власт предизвикаа тага и болка, голем револт, разочарување, неизвесност… Но и конечно освестување и одважување дека работите мора да ги промениме ние, самите. Заради нас, заради нашите семејства. 2021 беше година на големи предизвици, но и на големи промени. Промени кои ги донесовте – вие!, вели во Новогодишното обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Промените кои носат нова, подобра и поубава иднина се наша голема обврска. Работата е темелот на нашиот успех. Проектите кои ги реализираме чекор по чекор ќе донесат развој, стабилност и успеси.

Успеси и среќа за секој еден човек, затоа што Македонија е за сите луѓе. Да ја подобриме екологијата, да ја развиваме инфраструктурата, да го унапредуваме образованието, спортот и културата. Да бидеме подобри луѓе, повеќе да се почитуваме и да создадеме поубава иднина за нашите деца.

Колку повеќе создаваме, толку повеќе ќе им олесниме на нив. Колку се тие посреќни, толку сме ние помотивирани. Децата на Македонија заслужуваат нова, среќна иднина во средена држава која ќе ги задоволи сите нивни потреби.

2022 година ќе биде година во која промените и проектите ќе ја донесат конечната победа, триумф на вистинските вредности. Да продолжиме заеднички и да ја завршиме работата. Да донесеме реформи, нормалност и сигурност. Да ги зачуваме и унапредиме здравјето и животот, тоа се најголемите подароци за секој човек. Да обезбедиме европска иднина, подобар стандард, повисоки плати. Повеќе радост, светлина и среќа во секој еден дом.

Драги пријатели, ви ветувам дека со целата сила ќе се борам да биде подобро. Искрено и од срце, како ваш пријател, сосед, сограѓанин ви посакувам најубави празнични денови. Топол дом исполнет со ведрина и оптимизам. И многу љубов и насмевки со вашите блиски.

Ви посакувам среќна, весела и успешна 2022 година, подвлекува Мицкоски.

Видеото може да го погледнете ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Калајџиев: Политиката е таа што го корумпира…

Професорот Гордан Калајџиев говорејќи за реформите во…

Мицкоски ги замолил Грција и Бугарија за…

Христијан Мицкоски барал безусловна поддршка од Грција…

Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…

Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…

Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…

Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…

(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…

Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…