Мицкоски: Погрешните политики на владата ќе донесат уште полош стандард
Најголемиот проблем на оваа влада водена од СДСМ е што водат политики кои не доведуваат пред свршен чин, буквално ја донесоа државата пред бездната и милиметри фалат за да паднеме таму. Сега ни треба робусна и брза акција, немаме друг избор. Ќе се потрошат многу пари, а тоа ќе го чини и стопанството и граѓаните, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во новогодишното интервју за Алфа Телевизија.
Мицкоски потенцираше дека погрешната политика на владата на СДСМ и ДУИ ќе го чини народот многу пари и полош стандард.
– Ние уште во април и мај предупредувавме дека до ова ќе дојде, но власта одбиваа и не навредуваа и лажеа дека работата е под контрола, затоа што доаѓаа локалните избори. Сега проблемот е што стигна енергетската криза, имаме повисоки сметки, компаниите се во хаотична состојба, вработуваат неколку стотици илјади луѓе, рече Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека покрај електричната енергија сериозен проблем е цената на гасот која порасна а се користи за греење, проблеми се акумулациите, коповите за јаглен, лошите спогодби на власта, додавајќи дека долгот на државата веќе одамна надмина 60% од БДП.
– Комплетно погрешно политика на власта. Затоа велиме потребни се избори, за да ги засукаме ракавите и да ја кренеме Македонија од таму од каде што ќе ја наследиме, истакна Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и…
Оние кои и ги направија најголемите предавства,…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…