Објавено на:

Силен земјотрес го погоди Тајван

t

Земјотрес со интензитет од 6,2 степена според Рихтерова скала го погоди денеска Тајван, потресувајќи згради во главниот град Тајпеј и северниот дел на островот.

Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Американскиот геолошки институт соопшти дека епицентарот на потресот се наоѓал на длабочина од 27,7 километри под океанот источно од градот Хуалиен на источниот брег од островот.

Во Тајпеј се тресеа деловните згради, се нишаа светилките, а од ѕидовите паѓале слики.

Американскиот институт соопшти дека економските загуби од земјотресот се очекува да бидат мали, иако тој бил силен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рубио: Американската политика кон Тајван не е…

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека…

САД го суспендираат договорот за оружје со…

Вршителот на должноста секретар на американската морнарица,…

Тајван инсистира дека е независен по предупредувањето…

Тајван инсистираше дека е суверена, независна нација,…

Светот потроши 2,9 трилиони долари за вооружување…

Вооружувањето и зголемената глобална несигурност ги зголемија…

Земјотрес од 4,5 степени ја погоди Грција…

Денеска западниот дел на Грција беше погоден…