Повторно тензии меѓу Турција и Грција: „Атина претпочита конфликт отколку мир“
Портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Танју Билгиќ, одговори на изјавите на грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас.
Грчкиот министер за време на средбата со министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, принцот Фајсал бин Фархан ал-Сауд изјави дека Турција е вклучена во постојано искривување на вистината и на кој било концепт на меѓународното право, вклучително и правото на проширување на море.
Портпаролот на турското МНР изјави дека анти-турските изјави кои речиси секојдневно ги дава министерот Дендиас се популистички и нереални обвинувања кои не служат на мирот и стабилноста.
Тој додаде дека оваа провокативна реторика не се совпаѓа ниту со добрососедските односи ниту со духот на обновување на односите со Грција.
Билгиќ: Овие илузии на „Дендија“ се уште еден доказ дека Грција претпочита тензии преку барање помош од трети страни и создавање вештачки сојузи против Турција, наместо да ги развива односите преку искрен дијалог со нашата земја.
Министерот Дендиас преку објава на социјалната мрежа Твитер објави дека комуницирал со американскиот државен потсекретар Венди Шерман и дека го информирал за провокациите на турската држава.
Портпаролот на турското МНР изјави и дека доколку постои закана во регионот, таа произлегува од едностраните дејствија на Грција кои ги зголемуваат тензиите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) АНБ ОТКРИ ИРАНСКА ПРОКСИ МРЕЖА ВО…
АНБ во соработка со МВР откри и…
Почина 18-месечно бебе во Грција откако испило…
Машко бебе на 18-месечна возраст вчера почина…
Грција: Уапсени родители на четиримесечно бебе кое…
Полицијата во грчкиот град Патра, на југот…
Кина ќе инвестира 15 милијарди долари во…
Кина и Турција потпишаа прелиминарен договор според…
Турција планира изградба на втора нуклеарна централа…
Канадската инженерска компанија „АткинсРеалис“ потпиша меморандум за…