Кавадарци и Струмица најзагадени вечерва – скопјани се трујат од оџаците на цементарата во Усје
Струмица и Кавадарци вечерва се најзагадени градови во Македонија, а населбите Лисиче и Карпош во Скопје имаат значително загадување на воздухот и покрај поволното време и струењето на воздухот, но и по превземените мерки за спречување на загадувањето на квалитетот на воздухот за дишење.
Според податоците на мерните станици, Струмица вечерва е најзагаден град со 411мг/м3 ПМ10 честички, а веднаш зад Струмица е Кавадарци со неверојатни 385 мг/м3 ПМ10 честички.
Данела да го исчисти воздухот во цела Македонија🤣🤣
Владава Сдс- Дуи нек гори ЕУ канцер ѓубре ебаве шутраците😡😡 pic.twitter.com/hZ7S45SHej— Северџан #НикогашСеверна (@severdjandjan) January 5, 2022
Релативно почисто е во населбите Лисиче и Карпош, каде загаденоста на воздухот се движи од 241 мг/м3, односно, 203мг/м3 ПМ10 честички.
Загадено е и во населбата 11-Октомври во Кисела Вода, Усје и населбите во општината кои се наоѓаат непосредно до фабриката за производство на цемент „Титан“.
Од фотографиите направени во текот на денешниот ден, може да се забележи дека воздухот е релативно чист, пред вклучувањето на печките во фабриката, за неколку часа подоцна, ситуацијата драстично да се влоши во населбите кои гравитираат токму околу фабриката „Титан“.
Жителите реагираат дека редовно кога се вклучуваат печките во цементарницата, се чувствува неподнослива миризба, а драстично се намалува и квалитетот на воздухот.
Имено, во печките во Цементара завршуваат цели бали со фарбан текстил плус нафтен кокс со 18% сулфур. И ова не се случило еднаш, ова се случува секоја ноќ. На сево ова се додава и гума на парчиња, како и мазут добиен од старо масло. Граѓаните кои живеат во овој дел на Скопје многу добро знаат каква миризба се шири низ нивната населба.
„Мириса на горена гума и едвај се зема длабок воздух“.
Ова гори во Цементара, прави густ чад со неподнослива миризба.
Скопје не го гори својот отпад, туку станува збор за огромни количини донесени од голем број на земји. Според информациите кои веќе беа пласирани, Италија и неколку други држави од ЕУ плаќаат за да се ослободат од овој отпад.
Овие држави даваат големи суми за да ги заштитат своите граѓани и нивното здравје. Нашата држава зема големи суми воопшто не водејќи грижа како тоа кое го прави влијае на македонските граѓани.
Од „Титан-УСЈЕ“ уверуваат дека отпадот кој го горат не е опасен.
„УСЈЕ ќе ги почитува одредбите од Законот за отпад што беа усвоени и нема да користи алтернативно гориво од увоз кое и досега беше само 4 % од вкупната количество енергенси што ги користиме. Ќе продолжиме со користење на конвенционално гориво во нашата работа, како и алтернативно гориво од земјава, односно оризова арпа од Кочанско, која успеваме да ја набавиме во многу мали количини, се вели во изјавата за МЕТА.МК од скопската Цементарница.
Цементарницата „Титан-УСЈЕ“ има добиено „А“ интегрирана дозвола за работа од Министерството за животна средина, но оттогаш се уште нема направено никаква контрола врз работата на цементарницата, особено поради фактот што освен РДФ гориво – отпад – во цементарницата како главен енергенс се користи јаглен и мазут што пак уште толку допринесува кон загадувањето на животната средина.
Од Министерството за животна средина се уште нема никаков одговор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Текстилен отпад од цела Македонија ќе се…
Текстилен отпад од цела Македонија ќе се…
Неколку градови во Македонија денеска се абнормално…
Неколку градови во Македонија денеска се абнормално…
Санкции за четири правни и две физички…
Санкции за четири правни и две физички…
Цементарница Усје ги труе скопјани, утврди и…
Цементарница Усје ги труе скопјани, утврди и…
Време беше: Повторно во функција државниот мониторинг…
Веб-страницата www.air.moepp.gov.mk е повторно во функција и…