(Видео) Ако ЕЛЕМ беше на здрави нозе ќе имавме 5-6 пати по­ниска производна цена на струјата

t

Интегрален текст од прес-конференцијата на Горан​ Николов, член на комисија на ВМРО-ДПМНЕ за енер­гетика:

„Почитувани,
Ако ЕЛЕМ беше на здр­ави нозе и имавме доволно домашно произ­водство немаше да ку­пуваме енергија по 17 денари, за да ја продаваме 3,5 денари, туку ќе имавме 5-6 пати пониска произ­водна цена. Но намес­то вистината, претсе­дателот на РКЕ се сл­ика и дава интервјуа за правдање на уки­нувањето на дневната евтина тарифа.

Неуспехот на СДСМ во менаџирањето на ен­ергетските компании се сведе на грбот на народот. Зголемува­њето од 9,84%, заедно со укинувањето на дневната евтина тари­фа се само дел од колапсот што го преди­звикаа неспособните кадри на СДСМ.

За жал и компаниите кои набавуваат на слободниот пазар не се во подобра позициј­а. СДСМ ги остави да тонат во долгови поради пропаѓање на снабдувачите и повисо­ките цени на берзите, под изговор дека се работи за облигац­иони односи.

Сакаме да ги потсети­ме дека во услови на прогласена електро­енергетска криза тре­баше да се помогне и на компаниите кои не се дел од регулир­аниот пазар. Но, за жал СДСМ отсекогаш сакала само евтини ПР кампањи и „бонбона“ бизниси. Затоа ја донесоа енергетиката до оваа состојба, за што народот уште долго време ќе чувст­вува последици.

Едно е јасно!

За да се спаси она што е останато, неоп­ходни се промени. По­требни се предвремени избори, после кои на местото на оние кои ја уништија енер­гетиката, ќе дојдат стручни кадри предв­одени од ВМРО-ДПМНЕ кои знаат како да ре­шаваат проблеми и да управуваат со енер­гетиката.

Колку побрзо се случи тоа, толку побрзо Македонија ќе ги ре­ши енергетските проб­леми.​„

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На граница е приведен претседателот на ВМРО-ДПМНЕ…

Претседателот на огранокот на ВМРО-ДПМНЕ од Маврово…

Најчевска: Алтернатива на СДСМ не е ДПМНЕ

Професорката Мирјана Најчевска се огласи со свој…

Бојкотираа НОБ, ОН, референцум, попис, бојкот е…

Ги читам соопштенијата на ВМРО-ДПМНЕ во однос…

Петровска: Ќе седите дома, додека децата ни…

Вечерва немам намера да ви држам говори…

Лукаревска: И по 8 мај, ќе докажеме…

„Денеска е 27 април, точно седум години…