Претрес во Дојранското казино – Ќе најде ли МВР фалсификувани ковид тестови или касни?
Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција и СВР Струмица- ОВР Гевгелија во текот на вчерашниот ден (05.01.2022) по претходно добиена судска наредба од Основен суд Гевгелија, извршија претреси на три локации поради основано сомнение за сторено кривично дело, а во врска со наводите за фалсификување сертификати во казино во Дојран.
Извршени се претреси кај три правни лица, при што е одземена службена медицинска документација која се однесува на извршени тестирања за присуство на Ковид 19, извршени претежно на лица од странство, одземен е електронски дневник (книга) на издадени сертификати за периодот од 19.12.2021 до денот на претресот, а исто така извршени се службени разговори со две лица.
При претресот извршен е увид и преглед во компјутерската евиденција (списоци на грчки државјани кои се пријавиле за тестирање) на правното лице, како и во просториите на „импровизираниот“ медицински пункт во казино во Стар Дојран. По насоки на јавен обвинител целокупната одземена документација ќе биде доставена до ОЈО Гевгелија за нивно постапување, а МВР ќе ги преземе сите мерки и активности за кои ќе добие насоки од надлежното обвинителство со цел расчистување на случајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Големо невреме во Дојран, граѓаните пријавуваат прекин…
Големо невреме со дожд и град попладнево…
ИЈЗ: Шест нови случаи на Ковид-19, постои…
Шест нови позитивни случаи на Ковид-19 се…
За една недела починале 4 лица: Регистрирани…
Во периодот од 9 до 15 септември…
За десетина дена ќе стигне донација од…
Вакцини за заштита од Ковид-19 ќе стигнат…
Две лица починале: Регистрирани се нови 213…
Од 19 до 25 август, тестирани се…