(Видео) Разграбување на македонското културно-историското богатство во Штип

t

Девастација и разграбување на културно-историското богатство во Штип. Во изминатите неколку денови се случија серија на кражби на оловни плочи од кровната конструкција на некогашниот затворен пазар, а сега уметничка галерија „Безистен“, еден од симболите на градот. Дрскоста на крадците или поточно вандалите оди до таму што, среде строг центар, пред очите на минувачите, 26 годишен штипјанец почнал да ги краде оловните плочи. – Пренесува Сител.

Тој дошол со возилото, се паркирал, се качил на мердевен и почнал да оперира. Значи, тоа е навистина храброст, во центарот на градот, така да функционираат, односно да крадат и да уништуваат, изјави Митко Штерјов, директор на Завод – Музеј – Штип.

Крадецот е фатен и приведен, но кражбите стивнале само за време на новогодишната ноќ. Една плоча тежи од 40 до 50 килограми, а досега се украдени 26 и е направена материјална штета од над 10 000 евра. Оловото се продава кај откупувачите на стари метали, кои мора да бидат свесни за потеклото на откупените предмети.

Ако се најде кај некој од откупувачите и тој ќе ја сноси одговорноста, изјави Штерјов.

За заштита на вакви објекти ќе мора да се вклучи и месното население. Во прво време ќе се постави чуварска служба во вечерните часови.

Во соработка со локалната самоуправа ќе настојуваме што повеќе да се осветли овој објект и да се постават алармни уреди и камери, додаде Штерјов.

Безистенот датира од XVII век, изграден e од камен со оловна кровна конструкција. До сега објектот успешно му одолева на „забот“ на времето, но не може да се справи со алчните и неодговорни граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Разбојник нападнал и ограбил девојче во Штип

Во случај забележан во ист ден и…

Ќе ја казни ли некој Општина Штип…

Советникот во Советот на Општина Штип од…

(Видео) Ако не може општината, може Левица:…

Членовите на локалниот огранок на Левица во…

Жена ограбила книжарница во Штип

На 30.05.2025 година во 17.50 часот во…

Приведен возач во Штип: Пијан удрил во…

На 30.05.2025 година во 19.39 часот на…