МНР: Нема повpeдени македонски државјани во Казахстан, апелираме сите да останат на бeзбедно или да ја нaпуштат земјата

t

Според информациите со кои располага Министерството за надворешни работи базирани врз остварени комуникации, во Казахстан нема повредени или загрозени граѓани на Македонија. МНР апелира нашите државјани да не ги напуштаат безбедните локации, а тие што планирале патување во таа земја, тоа да го одложат.

Министерството за надворешни работи вечерва соопшти дека согласно остварените комуникации со дел од македонските граѓани кои во моментов се наоѓаат во Казахстан, тие се безбедни и засега не е регистриран ниту еден наш граѓанин кој е повреден или загрозен.

„Министерството за надворешни работи продолжува континуирано да ја следи состојбата во Казахстан и е во постојан контакт со Амбасадата на Република Северна Македонија во Нур Султан, како и со соодветните институции од земјите во регионот, со цел обезбедување соодветни информации за нашите граѓани. Истовремено апелираме до сите наши граѓани кои во овој момент се наоѓаат во Казахстан да останат на безбедни локации, да не ги напуштаат хотелите и објектите каде што се сместени и да избегнуваат собири на јавни локации. За сите прашања поврзани со безбедноста на граѓаните на Северна Македонија кои во моментот се наоѓаат во Казахстан молиме да се обратите на отворените телефони во нашето дипломатско-конзуларно претставништва во Нур Султан или во Министерството за надворешни работи. За сите наши граѓани кои планираат патување во Казахстан, апелираме да се одложи истото доколку е можно“, се вели во соопштението на македонското МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонското МНР со сочувство до Индија по…

Од македонското Министерство за надворешни работи денеска…

Бугарскиот МНР се слушнал со Муцунски: Бугарија…

Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг…

Македонија победи во Казахстан!

Македонија успеа да дојде до тешка победа…

Македонија води против Казахстан!

Александар Трајковски се најдев во првиот состав…

„УКИМци за Палестина“ до МНР: Осудете ја…

Група студенти „УКИМци за Палестина“ го повикаа…