Колумбиската полициja фати пратка од 1 тон kokaин наменет за Балканот?
Колумбиската управа за борба против наркотици при рутинска проверка во пристаништето Буенавентура открила контејнер во кој имало еден тон кокаин, при што товарот бил наменет за балкански нарко-картел, а дестинацијата на бродот била Бугарија.
Кучиња трагачи успеале да откријат психотропни супстанци во пратката со крзно и кожени производи, објави колумбиската веб-страницата „Каракол“.
Полициските службеници потоа извршиле детален преглед на стоката и пронашле пластични фолии со „бела материја“, која по тестирањето била позитивна на кокаин, а пратката била тешка еден тон.
Прелиминарната истрага утврдила дека кокаинот бил наменет за европски картел од Балканот, со цел понатаму да се дистрибуира на Запад, во земји како Италија, Франција и Германија, каде би можел да се продаде за околу 75 милиони долари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колумбиски претседателски кандидат застрелан во глава за…
Колумбискиот претседателски кандидат Мигел Урибе Турбеј (39)…
Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…
Незавидната положба во која се оставени припадниците…
Мајски снег го прекри Балканот
Иако длабоко влеговме во пролетта, српскиот планинскиот…
(Фото-галерија) Балканот се буди! Масовни протести во…
Првите неколку месеци од оваа година на…
Во сообраќајка во Србија загинаа татко и…
Во сообраќајна несреќа што се случи ноќта…