Состанок на бугарскиот Совет за национална безбедност за Македонија

t

Претседателот на Бугарија Румен Радев за денеска свика состанок на Советодавниот совет за национална безбедност. Како што соопшти прес-службата на претседателот, темата е „Интеграција на Западен Балкан во ЕУ. Улогата на Бугарија во проширувањето на ЕУ и во процесот на стабилизација и асоцијација: Република Македонија и Албанија“.

Премиерот Кирил Петков пред Народното собрание на Бугарија деновиве изјави дека ставот на Бугарија за преговарачкиот процес за Република Македонија не е променет, туку ќе биде надграден со работа на пет работни групи за изнаоѓање решенија за прашања како што се инфраструктура, економија, историја и култура.

Радев ги поздрави намерите на бугарската влада да биде активиран дијалог, од како што рече, заемен интерес меѓу двете држави. Радев повтори дека уставните гаранции за македонските Бугари, запирањето на говорот на омраза и прекинување на, како што рече, процесот на дебугаризација само ќе помогнат да се забрзаат работите и да може Бугарија да ја отвори вратата за преговори за зачленување на Република Македонија во Европската Унија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најголем број туристи од Бугарија и Русија,…

Србија во март ја посетиле 153.155 странски…

Земјотрес во Бугарија

Земјотрес е регистриран во четвртокот во 8…

Бугарија забрани реклами за коцкање, казина и…

Националното собрание на Бугарија конечно усвои целосна…

Нема Влада без Бугари во Устав! Касами:…

Имаме програма која ќе биде дел од…

Хилари Клинтон ќе ја посети Бугарија во…

Хилари Клинтон доаѓа на специјален состанок на…