(Видео) Мистериозен блесок пред силниот земјотpec – Кинезите истражуваат, cpyшен дел од кинескиот ѕид
Земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала ја погоди кинеската провинција Чингхаи, предизвикувајќи уривање на дел од Кинескиот ѕид. Сепак, корисниците на социјалните мрежи најмногу ги заинтригираше мистериозната светлост што се појави на снимката непосредно пред земјотресот.
На многу видеа најпрвин се гледа таа светлост, чие потекло се уште не е утврдено, а тлото веднаш почнува да се тресе, што го истакнаа и корисниците на социјалните мрежи. Некои од нив, пак, тврдат дека може да се работи за експлозија на електричен трансформатор оштетен во земјотресот. Тие објаснуваат дека сликите прво покажуваат блесок, па дури потоа започнува земјотресот, бидејќи светлината се движи со поголема брзина, пренесува Спутник.
Она што е сигурно е дека за време на земјотресот се урнал дел од Кинескиот ѕид, долг околу два метри во округот Шандан. Според извештаите на локалните медиуми, станува збор за фрагмент изграден за време на династијата Минг, која владеела со Кина од 14 до 17 век.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: САД постигнаа трговски договор со Кина!
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е…
Кинески амбасадор: Целта на Пекинг е да…
Целта на Пекинг е да ги најави…
САД и Кина започнаа нова рунда трговски…
Кина и САД започнаа нова рунда трговски…
САД исплашени од „кинеската суперамбасада“ во Лондон,…
Белата куќа ја предупреди Даунинг стрит (Владата…
Девизните резерви на Кина пораснаа на 3,28…
Девизните резерви на Кина достигнаа 3,28 трилиони…