Вечерва се чека Стара нова година, утре е Василица и Обрезание Господово

t

Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар вечерва ќе ја пречекаат Православната нова година, која почнува утре на празникот Василица.

Многу македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики, како Васил, Васко, Васе, Васка…, го слават својот именден. На семејната трпеза се крши погача со паричка, а се верува дека на оној што ќе му падне, годината ќе му биде среќна и бериќетна.

По повод православната нова година и празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија.

Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

Покрај Македонската православна црква, според Јулијанскиот календар, верските празници ги слават и Руската и Српската црква, Ерусалимската патријаршија и монасите на Света Гора. За разлика од нив, по Грегоријанскиот календар се водат Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вечер е Стара Нова година, утре Василица

Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот…

Напладне продолжува седницата за изборот на новата…

Денеска во 12 часот ќе продолжи седницата…

Димитров: Ми падна паричето! Мислете му ја!

Вицепремиерот за европски прашања во заминување, Никола…

Вечерва се чека Стара нова година, утре…

Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот…

Ни доаѓаат Стара Нова година и Василица…

Православните христијани кои се водат според Јулијански…