Сега се е јасно: Бугарија е подизведувач на Атинска политика кон Македонија, не се надевајте на датум и нормални преговори со ЕУ
-Бугарија е само подизведувач на атинската политика кон Македонија…
Бугарија кога мислеше дека ќе ја добие Македонија соработуваше и со Москва, па и со Берлин…
Најмал проблем за нив е да соработуваат со Атина, со надеж како што велат да ја “ребугарузираат Македонија”…
Впрочем, Бугарија има повеќе меѓудржавни договори со Грција кои се однесуваат на затворање на македонското прашање по нивен заеднички интерес…
Втората фаза од Преспанскиот договор веќе ја спроведува Софија, во своја, но и во корист на Атина…
Позицијата на Грција и позицијата на Бугарија кон македонското прашање се идентични…
Ставот на Мицотакис е: “Ќе пробаме преку пристапните преговори за влез во ЕУ да ги исправиме грешките на Преспанскиот Договор во врска со јазикот и националноста на Северна Македонија.”
Не се надевајте на датум, а уште помалку на временски нормални преговори за членство во ЕУ, доколку сега не се заземе јасен државен став за македонското прашање…
П.С. После неколку години, ако сеуште некој мисли дека Преспа е добро решение за македонскиот идентитет и јазик, тогаш има проблем со основните познавања на историјата, политиката и основното образование, пишува на Фејсбук екс-пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.
Да потсетиме дека Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Софија и Скопје, како и Препсанскиот договор меѓу Скопје и Атина да бидат вклучени во преговарачката рамка за членство на Македонија во ЕУ, побара бугарскиот претседател Румен Радев за време на разговорите со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.
За време на средбата во Софија, Радев и Мицотакис заземале заеднички дека европската интеграција на Република Македонија е во интерес на целиот регион, но процесот треба да се поврзе со почитување на европските вредности и преземените обврски во билатералните договори, пишуваше во соопштение од кабинетот на бугарскиот претседател.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Америка со последните избори направи голем…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска оцени дека…
Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова изрази сочувство до семејствата…
Пред 85 години првпат е изведена песната…
На денешен ден, 8 ноември, пред точно…
Нови случаи на семејно насилство: закани со…
Маж се заканувал со дрвен предмет на…
Митровден бил домашната слава на светите Кирил…
Силен, воинствен, неустрашив генерал му требало на…