Сотир Костов: Писма до Македонците – „Идеалот“ на нaционалшовинистичката „велика“ Бугарија

t

Република Бугарија кукавички одново го става на сцената „македонското прашање“. А сите здраворазумски и слободномислечки поединци знаат дека тоа е конечно решено и затворено со 8 септември 1991година, кога со Референдум на македонскиот народ е создадена Република Македонија како суверена, самостојна, демократска и социјална држава, а потврдено со Уставот на Република Македонија од 17 ноември истата година. Да не заборавиме дека тоа беше заокружување на историското културно, духовно и државно наследство на македонскиот народ и на неговата вековна борба за национална и социјална слобода и за создавање на своја држава, уште од времето на Разловечкото востание од 1867г., Македонското востание од 1878г.(Кресненско востание), а посебно од државно-правните традиции на Илинденското востание и Крушевската Република од 1903г. и историските одлуки и решенија на АСНОМ, како уставно-правен континуитет на македонската држава како суверена република на Федеративна Југославија.
Државната политика на Бугарија злонамерно оживува едно старо прашање, кое правно и политички е решено, како на внатрешен план во Македонија, така и на меѓународен план, што е потвредено од меѓународната заедница претставувана од ООН. Драги мои Македонци тука нема ниту елементи на добрососедство, ниту пак цивилизациски вредности карактеристични за 21-от век и за Европската Унија, заедницата на народи и држави каде што припаѓа и Бугарија.
Да се постави “македонското прашање“, кое патем е решено и затворено, тоа значи дека некој малоумно ја враќа постановката на прашањето за “Велика Бугарија“(и Македонија во нејзини граници, па било тоа изразено “само“ како македонскиот јазик е наречје на бугарскиот јазик, а македонската историја и култура се бугарски и само бугарски), како постигнување на великонационалистичките идеали на бугарската буржоазија од 19-от и 20-от век, денес прифатени и актуелизирани од актуелната државна политика на Бугарија. Да се потсетиме: “Велика“ Бугарија беше и егзистираше, само и само, во националистичките фантазии и шовинистичките сништа на Бугарскиот егзарх од 1870г., на Бугарскиот кнез од 1878г., и на безмалку секоја влада на Бугарија, од 19-от век, па се до денешни дни.
Токму за таа и таква “велика“ Бугарија, бугарскиот народ, предводен од монархофашисти, трипати војуваше, трипати беше на погрешната страна на историјата и трипати беше поразен. Да ве потсетам мои Македонци, некаде во дваесеттите години во минатиот век Радославов во Народното собрание на Бугарија извика: “каде што стапнала бугарска нога – бугарско ќе стане“, а сите ситнобуржоаски и буржоаски, леви и десни парии се согласија дека “Бугарско ќе остане!“. Е а еве ни го бугарското денес, од државната бугарска политика, за милата им Македонија, сосе нас Македонците.
Дали националистичката завојувачка политика и нејзиниот “идеал“ – “велика“ Бугарија повторно е повампирена? Нели е тоа главоломно за таквата бугарска политика? Тука, да ве потсетам на Бугарско-српскиот договор од 1912 година, кога договорена поделбата на Македонија и присоединување на “неоспорената зона“(денешна Република Македонија) кон Бугарија. А тоа значи дека чл.4 од “тајниот прилог“ кон тој договор, Бугарија си го зачува/ла правото над сите земји на исток од реката Струма и од Родопите. Овие “идеали“ буржоазијата и монархофашизмот го водеа бугарскиот народ во три војни цели десет години(една Балканска и две Светски војни), со што го турнаа во три страшни национални катастрофи.
Прашувам: дали денешната државна политика прави суетни и суицидни усилби за воскреснување на веќе погребената од историјата политика?
Море бугарски политици, не гледате ли дека сурфате на пропаднат националистичко-шовинистички и завојувачки бран(политика) на “велика“ Бугарија? Зарем сте слепи при очи и не можете да видете дека многу одамна и дефинитивно е пропадната “ослободителната“ мисија(за Македонија), бугарска мисија кон “поробените браќа“(Македонците)? Ние, Македонците сме одамна ослободени, и тоа самоослободени, колку да знаете, па така овие “комитаџиски“ методи на вашата валкана егзархиска политика не поминуваат.
И така драги мои Македонци со оваа колумна го започнувам серијалот “Писма до Македонците“, инспириран од насловот на книгата на мојот драг пријател Денко Скаловски, а на помош од време на време, ќе го повикувам духот на почитуваниот Љубиша Георгиевски со неговите “Технологија на судбината“ и “Речник на предрасуди“. И да не ја заборавам “Историската вистина“ на прогресивната општествена јавност во Бугарија и Пиринска Македонија за македонското национално прашање(документи, студии, резолуции, апели и публицистички прилози од 1896г. до 1956г., од Перо Коробар и Орде Ивановски)
Останете ми со здравје до следното писмо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гласање или специјална операцијa

Ете, гласавме против СДС корумпирано и распаднато…

Бугарски бесрамности и македонски ќор-сокаци: Политичари аматери…

БУГАРСКИ БЕСРАМНОСТИ И МАКЕДОНСКИ ЌОР - СОКАЦИ…

Никовски: Украина носи несогледливи последици за сите…

УКРАИНА НОСИ НЕСОГЛЕДЛИВИ ПОСЛЕДИЦИ ЗА СИТЕ Се…

Трифун Костовски: Институциите не ги штитат граѓаните…

ЕУРОСТАНДАРД БАНКА, ЖРТВА НА ПОЛИТИЧКИОТ СИСТЕМ ВО…

Сотир Костов: Неподносливата леснотија на манипулирање –…

Неподносливата леснотија на манипулирање Како да не…