Hajcтудено во Берово -10, на Шапка 36 сантиметри снег, во Маврово 13

t

Најстудено утрово е во Берово со -10 и во Скопје и Битола со -8. Во Крива Паланка, Демир Капија, Струмица се измерени -7, во Тетово, Прилеп, Штип, Куманово -6, Гевгелија -5, во Охрид, Крушево, Дојран, и Попова Шапка -2, а во Маврово -1.

Висината на снежната покривка на Попова Шапка е 36 сантиметри, во Маврово 13, а во Крушево 7.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во западните делови на планините и на повисоките места со повремен локален снег, а во пониските локален дожд и снег. По одделни котлини ќе има појава на слаба утринска магла. Кон крајот на денот и во источните делови ќе има повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне од 4 до 12 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 6 степени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Времето умерено облачно, попладен се очекува дожд

Сончево со мала до умерена локална облачност.…

Еве какво ќе биде времето денес

Времето денес ќе биде сончево и потопло…

Затишје пред нов топлотен бран: Летото се…

Летото сè уште не е завршено. Според…

Времето денеска: Сончево и топло, попладне дожд…

До четврток ќе преобладува променливо облачно и…

МЕТЕОАЛАРМ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во следните 24 часа ќе…

Територијата на нашата Република Македонија во следните…