Hajcтудено во Берово -10, на Шапка 36 сантиметри снег, во Маврово 13

t

Најстудено утрово е во Берово со -10 и во Скопје и Битола со -8. Во Крива Паланка, Демир Капија, Струмица се измерени -7, во Тетово, Прилеп, Штип, Куманово -6, Гевгелија -5, во Охрид, Крушево, Дојран, и Попова Шапка -2, а во Маврово -1.

Висината на снежната покривка на Попова Шапка е 36 сантиметри, во Маврово 13, а во Крушево 7.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, во западните делови на планините и на повисоките места со повремен локален снег, а во пониските локален дожд и снег. По одделни котлини ќе има појава на слаба утринска магла. Кон крајот на денот и во источните делови ќе има повремен слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне од 4 до 12 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне 6 степени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Не заборавајте: Еве кога се поместуваат стрелките…

Менувањето на часовникот се случува двапати годишно…

Времето денес променливо облачно со слаб ветер

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува…

Доаѓа „Арктичка експлозија“ Британските метеоролози предвидуваат ледени…

Крис Ингланд, продуцент за временска прогноза за…

Метео: Видете какво ќе биде времето денес

Од УХМР јавуваат дека времето денеска ќе…

Сончево време со слаб ветер и пониски…

Времето во земјава ќе биде сончево со…