Анализа и дијагноза: Геноцидната свест на австралиските политичари
Алекс Хоук е премиер “за пример“: Откако брутално го депортираше Новак Ѓоковиќ, даде легендарна изјава “Ајде сега да уживаме“. Го предлагам за светска награда за срам и простотилак. Нашиот, штипски Џими би му рекол: “Ти си расист бе!“:
Денес една мали кроки анализа, ама со дијагноза, за тоа од каде потекнува расистичкото однесување на австралиските политичари, и што во суштина претставува тоа. Изгледа секоја генерација премиер и министри за емиграција имале свои “15 минути слава“. Апселе, напаѓале, понижувале јавни и успешни актери, музичари и други јавни личности, секогаш кога тоа им било неопходна за политичкиот рејтинг. Еве само еден мал број од нив кои секој од нив во свое време имале “свој“ министер Алекс Хоук и “премиер-душебрижник“ Скот Морисон. А овој вториот, знаеме, се покажа вистински СКОТ.
Најстар е случајот на извонредниот рокер и блуз пејач Џо Кокер од 1972г., кој најпрвин е апсен, па потоа и депортиран. Ги дефинирал австралиските политичари како незграпни, со валкана коса, невкусно облечени, грдотии од шоу-бизнисот и врвни лицемери. Како одговор тие го апсат за физички напад на својата девојка во режија на министерот Џим Форбс и го протеруваат. Подоцна и ќерката на тогашниот премиер Џим Мекмахон признава дека се срамела од постапката на нејзиниот татко. Кокер пак преку некоја книга напишана од Австралиец во 2013г. дознава дека ги третирале како експериментални зајачина, само и само политичарите да си го поправат рејтингот. Интересен е и случајот на Френк Синатра од 1974г. Замислете, музичката ѕвезда, зборел недолично за девојките што по него лудувсле како по најголема музичка ѕвезда во тоа време. Не сакал да се извини, туку само прокоментирал: “Смешна работа се случи во Австралија – излегов од авион“. Три дена бил затворен во хотелската соба. Се обидел тогашниот претседател на синдикатите, Боб Хоук, да “ја спаси ситуацијата“, кој подоцна стана и премиер, така што ја излажал јавноста дека Синатра жали и се извинува, што не било точно. Чист случај на неслобода на говор. Случајот на Џони Деп и Амбер Хард, актери од 2015г., пак е нај бизарен. Поради миленичињата кученца(наводно илегално внесени во Австралија со приватен авион), Пистол и Бу, беа малтретирани и буквално протерани. Тогаш главен беше заменик премиерот Бернабеј Џојс, кој се закануваше со еутаназија на кученцата. А Еминем пак во 2001г., како најголем музички уметник во тоа време, не беше по мерак на премиерот Џон Хауард(штетно влијаел на младите), и не му беше дозволено да одржи концерти во Австралија. Во следните 10 години Еминем ја избегнуваше Австралија и нешто таа не му недостасуваше. Раперот Снуп Дог во 2007г., имаше проблем со министерот за емиграција Кевин Ендрјуз, кој му забрани влез во Австралија, бидејќи бил осудуван во САД.
И сега што да мислиме за ваков вид на политичари и настран сој на луѓе кои на непримерен начин ги менаџираат државните работи, во смисла на лесно жигосување и анатемисување на успешни јавни личности, нивно инкриминирање по брза постапка и уште побрзо стиматизирање неприлагодено на денешниот цивилизиран демократски и слободарски свет?
Ќе ги разбереме ако им ја знаеме историјата на доселување и односот кон домородното население во Австралија – Абориџините. Стручна и научна студија покажа дека тројца од четири Австралијанци имаат негативен став кон Абориџините. Тоа е чиста расна предрасуда и примитивен стереотип. Ова е несвесна пристрасност, всушност е свесна предрасуда, која е основата на присутниот расизам во Австралија.
Се работи за држава создадена од “казнени колонии“ од Велика Британија – тоа се првите бродови со осуденици кои се истовариле на австралиско тло. Тогаш тие ги раселувале, протерувале и асимилирале Абориџините на кои им донеле и разни болести и зарази, и ете настанале денешните “Скотови“ и слични на нив, а богами и нивни наследници. Нели и ова малку геноцидно? Знаеме ли колку Абориџини се истребени од австралијанската државна политика? А можеби и не е така малку генеоцидно? можеби е и нешто повеќе? Ете од таму доаѓа стравот од зараза од тие што даѓаат од надвот. Тоа е еден чуден начин на грижа на совест – постапките што се направени од претходниците во минатото да останат не исправени, не казнети, а комплекси да се лечат на “туѓинци“ дојдени во Австралија, по покана од австралиски званичници. Тоа ти е кога од доселеник, колонизатор, кој преку апартхејт е уништувач на човечки животи, ќе се изродат современи Макартиевци и Инквизитори, кои кобајаги во интерес на здравјето на луѓето, брутално спроведуваат “лов на вештерки“ во третата деценија на 21-от век.
Да се разбереме, имало и паметни луѓе како премиерот Кевин Руд кој своевремено се извини на Абориџините во Парлсментот, поради малтретирање на 100 000 деца Абориџини одделени од семејствата(присилно земани) и дадени во други “цивилизирани семејства “. Ама, очигледно надвладеале такви како еден друг премиер – Тони Абот кој мисли дека тие биле спасители на тие деца. А знаете ли какви спасители биле? Спасители кои мали деца малтретирале и врзувале со синџири и ги користеле и за медицински експерименти. Така ги асимилирале во “белото општество“. Факинг расисти. Нехумано и нецивилизирано.
А најпроверен метод “најефикасен и најхуман“ бил врзување за врат, како на затворениците, при што рацете се слободни, за да можат да ги екслоатираат. Ете тоа е “лозата Скотови“ во австралијанската политика, кои ја уништија “украдената генерација“ Абориџини Бушмани. А тоа е чист апархејт што тие го нарекуваат “заштита на децата“.
Така се истребени и Тасманците. Првин во резервати, а потоа во смрт. Ете такви расисти и создавачи на австралискиот апархејд, денес во 21-от век, ни држат лекции за “ризик по јавниот ред“, осудуваат наводен “злочин направен во мислите“ и врвен светски Шампион, со интегритет, убедување и храброст, на теренот и надвор од него, најбрутално го протеруваат под изговор“Австралија не смее да трпи странец од страв дека….“.
Драги мои, тоа беше мојата кроки анализа и кратка, ама конкретна дијагноза за не/свеста и нечистата совест на австралиските политичари, премиери, министри, царински и полициски инквизитори и организатори-кукавици на грем слемови. Дали трулежот на Австралија е само проблем на Австралија?
Одговорот на оваа дилема одамна го имаат дадено Шекспир, Фројд и Јунг. Читајте ги и се ќе ви би биде јасно.
Пишува: Сотир Костов
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Австралија ќе обезбеди рекорден пакет воена помош…
Австралиската влада ќе и го обезбеди на…
Ѓоковиќ со силна поддршка за српските фудбалери…
Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, присуствува…
Новак Ѓоковиќ веќе е опериран, се надева…
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утрово е опериран…
ЃОКОВИЌ ЌЕ ГО ОПЕРИРА КОЛЕНОТО И ГО…
Новак Ѓоковиќ ќе го оперира повреденото десно…
СПЕЦИЈАЛЦИ УПАДНАА НА ТРЕНИНГ НА НОВАК, ПРОВЕРУВААТ…
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска игра…