Објавено на:

„Руската aгресија е koнтрапродуктивна“: Столтенберг ја објасни причината за проширувањето на НАТО на исток

t

Со прибегнувањето кон агресивни активности, Русија не го намалува присуството на силите на НАТО во близина на нејзините граници, туку напротив – предизвикува нивно акумулирање, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
„Ако целта на руското раководство е да го намали присуството на НАТО околу границите на Русија, тогаш резултатите досега беа сосема спротивни“, рече тој во интервју за Волстрит журнал.
Како што рече, НАТО има развиено активност на ниво што ги надминува капацитетите на Алијансата во времето на крајот на Студената војна.
Столтенберг призна дека рекордното проширување на силите на НАТО започна со анексијата на Крим кон Русија во 2014 година, со цел да се ограничи Москва. Според него, сега има повеќе американски војници во Европа отколку пред седум години.
„Сега сме поактивни во Северна Америка и Европа отколку во претходните децении“ , рече шефот на НАТО.

Истовремено, тој нагласи дека НАТО повторно ќе реагира доколку Москва повторно одлучи да употреби сила на светската сцена.
„Каква ќе биде точно реакцијата и какви воени капацитети ќе бидат тоа – е прашање што ќе се реши во зависност од развојот на настаните“, додаде генералниот секретар на НАТО.
Во последно време властите во Киев и Западот постојано ја обвинуваат Русија дека наводно подготвува инвазија на Украина. Русија постојано ги негираше обвинувањата на Западот и Украина за агресивни дејствија , велејќи дека никому не се заканува и нема намера да нападне никого, а изјавите за „руска агресија“ се користат како изговор за пренос на уште поголема воена опрема на НАТО во во близина на руската граница.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија нападна брод под либериско знаме во…

Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…

Русија ги повика странците и дипломатите да…

Русија денес објави дека ќе продолжи да…

Млада лаборантка почина од чума во Русија,…

Жена почина од белодробна чума во регионот…

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…

САД им се заканија на Германија и…

Владата на САД ги предупреди Германија и…