Поради мостот на Петре Шилегов, Вардар се излеа од речното корито во Аеродром
Вардар се излеа од своето корито во населбата Аеродром, во близина на хотелот Русија во непосредна близина на мостот кој започна да го гради Петре Шилегов, а поради нерешени имотно-правни односи неговата изградба е запрена.
Како причина за излевањето на Вардар токму на ова место од ЦУК го наведуваат токму реконфигурирњето на речното корито во овој дел на реката поради градежните работи кои го блокираат нормалниот тек на водата.
На терен се излезени екипи од ЦУК, а известени се и сите надлежни институции.
Проектот за изградба на мост го отпочна Петре Шилегов во времето како градоначалник на град Скопје. Изградбата е започната без соодветна документација и претходно решени имотно-правни односи со сопствениците на имотите врз кои треба да поминува мостот и улицата која ќе го поврзе со Гази Баба.
Во моментов, мостот завршува во дневна соба на жител на Цементара, а изградбата е запрена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пожар во галијата на Вардар кај „Холидеј…
Пожар избувна вечерва во галијата на Вардар…
Митески да одговори каде се ветените нови…
Пред само 4 години ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром…
Чупиќ нов тренер на Вардар
Прославениот хрватски ракометар Иван Чупиќ денеска е…
Сообраќајна несреќа во Аеродром, едно лице е…
Сообраќајна несреќа се случи попладнево во Аеродром…
Тетовец нападнал полицаец во станица во Аеродром
На 14.06.2025 година во 19.50 часот во…