ДЗС: Потрага по исчезнатото лице крај Вардар во гостиварско
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) активира тимови на терен за пронаоѓање на исчезнато лице, за кое постојат индиции дека е видено кај реката Вардар на подрачје на Гостивар, по официјално барање на Полициската станица (ПС) Гостивар.
На терен, на лице место, заедно со тимовите е и заменикот директор на ДЗС, Кашмир Салиу.
Инаку, во акцијата за пребарување и спасување се вклучени конкретно припадници на Тимот за брз одговор (ТБО) за спасување на води на ДЗС, со соодветна логистика од Подрачното одделение на ДЗС – Гостивар.
Екипите, заедно со заменикот-директорот работат во тесна координација со полициските службеници од ОВР Гостивар и локалните служби, со цел што побрзо лоцирање на лицето. Пребарувањето се одвива интензивно по текот на реката Вардар, почнувајќи од критичните точки во градот па сè до низводните подрачја.
И покрај моментните услови на теренот и спецификите на речното корито, екипите на ДЗС, ќе бидат ангажирани сè додека не се заврши целосната операција.
ДЗС апелира до граѓаните на Гостивар и околните населени места, доколку располагаат со какви било информации поврзани со исчезнатото лице или забележат нешто долж речното корито, веднаш да пријават на дежурните броеви во полицијата или до надлежните служби за заштита и спасување, а и на 112 на ЦУК.
За сите нови моменти ќе биде информирано дополнително.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДЗС: Потрага по исчезнатото лице крај Вардар…
Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) активира…
ДЗС: Отстранети опасни гранати од минатите војни…
Пиротехничарот на ДЗС, Ѓорги Стефанов од атар…
Чупиќ: Некои не се свесни што значи…
Вардар го очекува првиот домашен натпревар во…
Тело на 83-годишен скопјанец извлечено од Вардар
Тело на 83-годишен скопјанец било пронајдено во…
Ангелов: Велешките пожарникари заштитија две села од…
Во овој момент активен е пожарот, кој…