Мицкоски: Програмата на Ковачевски изобилува со лaжни вести, ветуваат проекти од 5 милијарди евра за 2 години

t

Во вечерашното гостување во Телевизија 24 претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во врска со новата владина програма на Димитар Ковачевски, истакна дека истата изобилува со лажни вести како ветувањата за проекти од 5 милијарди евра за 2 години, ова се потполно истите ветувања од 2017 година.

-Новата владина програма се фокусира на економијата, за растот дека од два и пол на пет посто, а таа прикаска ја слушаме пет години по ред овој декември почнуваме готово економски бум, ја разгледав во делот на градежништвото изобилува со лажни вести затоа што вели дека ќе ги засилат градежните работи на автопатот Кичево – Охрид, започнуваме со Коридорот 8 од Гостивар – Бокојчани-Кичево, од Требеништа до Ќафасан, ќе го завршиме експресниот пат Штип-Радовиш, Росоман-Прилеп, реализација на Коридорот 10а Прилеп-Битола, експресниот пат Штип-Кочани, Крива Паланка- Деве Баир, потоа пругата кон Грција и кон Бугарија. А кога ова се ќе го ставите на хартија се пет милијарди евра, теоретски да нема избори, ова е владина програма за две години, ако капиталните инвестиции не надминуваат повеќе од 24 милијарди денари, некаде 400 милиони евра годишно, ај што ги немаме парите не можеме ни 20 % да ги реализираме, и да ги имаме парите ако седнете проект по проект да анализирате ви требаат некаде околу 20 до 30 000 градежни работници само, објасни Мицкоски.

Мицкоски критикуваше дека петта година по ред се пишува истото, барем кога се лаже да не се пишува истото, а ако се погледне Експозето од 2017 година и оваа владина програма ќе се увиди дека се потполно исти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ прво се извинија па сега откриваат…

Во два наврата претходно за време на…

Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…

Во Радуша никнува нов парк, но не…

СДСМ: ДПМНЕ одби клучни амандмани за земјоделците

Првиот амандман, кој имаше за цел да…

Двојни аршини: Кога должи фирма на министер…

Долг на фирма не е кривично дело,…

„И лавот му рече на орелот мјау“:…

Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)…