Османи зaгpижeн поради Албанија: Била заложниk на македонско – бугарскиот спop

t

Османи во „Емисијата 200“ вели дека е загрижен за реперкусиите што спорот може да го има долготрајно врз геополитичката ситуација во регионот и во државата.

„Како министер за надворешни работи имам пристап до многу анализи, многу информации и повеќе ме загрижуваат последиците од долготрајната геополитичка ситуација во регионот, но и внатрешната состојба. Албанија е наш заложник, во одреден момент Албанија може да каже дека повеќе не можам, а тоа ќе создаде нови односи и нови ситуации во регионот“, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи.

„Ние сме заглавени во процесот на интеграција, а поради нас и Албанија е заглавена, целиот регион е заглавен поради ова прашање, а европската судбина на Северна Македонија и Албанија зависи од волјата на двете страни и товарот на овие две страни кои разговараат е многу поголем од само надминување на разликите меѓу двете земји. Видов добра волја, поставивме динамика, дефиниравме календари, ја дефиниравме структурата, сега треба да продолжиме со оваа динамика“, рече Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп вечерва го собира својот тим за…

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва во Белата…

Путин предупредува: Постои зголемен ризик од глобален…

Рускиот претседател Владимир Путин на Меѓународниот економски…

Македонија повторно горда: Парада на гордоста во…

Под мотото „Ќе (оп)стоиме заедно!“, денеска во…

(Видео) Излезете на следниот марш, ние сме…

Повикувам на масовност, јас марширам на секој…

Филипче: Мицкоски фантазира за успеси, граѓаните бројат…

„Со жалење можам да констатирам дека за…