Moeто пpeдупредување стана реалност: Си ги ослабнавме преговарачките позиции, paзочapaн сум не ликувам

t

Поранешниот вицепремиер за евронитеграции, Никола Димитров изрази разочараност по однос на македонските преговарачки позиции, бидејќи како што истакна во своето гостување во „Топ тема“ на Телма телевизија со македонската нота до ОН за краткото име нашата влада не доби ништо, а бугарскиот премиер Кирил Петков го прикажа како голем успех на неговиот тим, а нашата влада за возврат не доби ништо.

Јас во средата предупредив споменувајќи ја македонската нота до ОН за долгото и краткото име и тогаш прашав дали се размислува за тоа да се направи и кажав дека тој чекор ќе ги ослабне македонските преговарачки позиции, изјави Димитров.

-Тоа што посебно денес ми пречи е и тоа што за жал предупредувањето стана реалност немам причина да ликувам мислам дека напротив чувствувам разочараност бидејќи ние имавме една позиција градејќи ги односите со Бугрија дека „ништо не е договорено додека се не е договорено“ и не може да се прават отстапки од едната страна, тоа што ја потценуваа јавноста во Македонија е начинот како беше ова претставено дека Бугарија нема повеќе да преговара за името тоа е обид за спин, вели Димитров, додавајќи дека тоа било едно од барањата на Бугарија.

На денешната заедничка прес-конференција во Скопје, премиерите на Северна Македонија и на Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков соопштија дека Бугарија прифати да го користи скратеното име Северна Македонија, подеднакво како и долгото име Република Северна Македонија и нема да ја кочи употребата на тоа име во меѓународни процеси, за што ги известила и Обединетите нации. Северна Македонија пак со вербална нота до ОН потврди дека користењето на краткото име нема никаква импликација врз територијалниот интегритет на Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нов скандал: Во Бугарија се обучувале руски…

Протечена разузнавачка проценка, изготвена за австралиската служба…

САД констатираа дека Бугарија прикрива руски хибридни…

САД констатираа дека Бугарија не се бори…

Македонските одбојкари денес против Бугарија: Комплетен распоред…

Македонската машка одбојкарска репрезентација денеска го започнува…

Италијански весник: САД тајно ја убедуваат Бугарија…

Соединетите Американски Држави „преку таен канал“ ја…

100 килограми кокаин запленети на влезот во…

Со „огромен удар врз трговијата со дрога“…