Најмалку тројца морнари загинаа во експлозија на брод на индиската воена морнарица
-Експлозијата се случила вчеравечер на бродот „ИНС Ранвир”, на пристаништето во Мумбај и во моментов се истражуваат причините за инцидентот, изјави портпаролот на морнарицата.
Портпаролот додаде дека екипажот на бродот веднаш реагирал за да ја стави ситуацијата под контрола и не била регистрирана поголема материјална штета.
Владини извори за индиските медиуми изјавија дека експлозијата, што се случила во внатрешен оддел на бродот, немала никаква врска со оружје или муниција.
„ИНС Ранвир” е меѓу најстарите воени бродови на индиската морнарица, јавија домашните медиуми. Бил изграден во поранешниот Советски Сојуз и пуштен во употреба во индиската морнарица во април 1986 година.
Командантот на индиската морнарица, адмирал Р Хари Кумар, им изрази сочувство на семејствата на морнарите кои загинаа во инцидентот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се урна стар мост во Индија, има…
Четири лица загинаа, а 51 се повредени…
Нова несреќа: Седуммина загинати во пад на…
Цивилен хеликоптер се урна денес во северната…
Бројот на жртви во падот на Боингот…
Бројот на жртви во падот на авионот…
Прва снимка од преживеаниот во авионската несреќа…
Едно лице го преживеа падот на патничкиот…
Пронајдени се 204 тела од уривањето на…
Индиските власти соопштија дека се пронајдени 204…