Почнува одбројувањето: Русија чека одговор од Западот
Шефот на руската делегација на преговорите во Виена, Константин Гаврилов изјави дека во пресрет на одговорот на руските предлози за безбедност, одбројувањето започна.
„Доаѓа моментот на вистината, кога Западот или ќе ги прифати нашите предлози или ќе се најдат други начини Русија да ја обезбеди својата безбедност. Сигурен сум дека доколку постои добра волја, подготвеност за компромис во секоја ситуација, можно е да се најде заемно прифатливо решение. Времето истекува. Одбројувањето започна“, рече тој на седницата на Форумот за безбедносна соработка на ОБСЕ.
Според рускиот дипломат, се работи за минимизирање на воените закани, решавање на итните безбедносни прашања не само за Русија, туку и за сите земји од евроатлантскиот и евроазискиот регион.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска на прес-конференција во Киев соопшти дека не планира да го презентира одговорот на руските безбедносни предлози на средбата со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Стејт департментот најави средба меѓу Блинкен и Лавров во Женева на 21 јануари, откако американскиот државен секретар ги посети Киев и Берлин. Претставникот на Стејт департментот нагласи дека претстојната средба покажува дека дипломатијата е се уште жива кога е во прашање кризата околу Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија изгубила речиси милион и пол војници…
Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…
„Или сте со нас, или против нас“…
Откако САД најавија „економска војна“ против Иран,…
Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…
Вкупно 757 американски војници се ранети од…
Америка крие тела на четири вида вонземјани,…
Научник, кој со децении работел со програмата…
Романија крена НАТО ловци откако дрон влезе…
Романија активираше НАТО борбени авиони откако дрон…