Уапсени 29 лица поради kpиумчарење на мигpaнти во голема акција на Европол

t

Полицијата на Италија, Албанија и Грција денеска уапси 29 лица под обвинение дека заработиле неколку стотици милиони евра криумчарејќи мигранти од Турција во Европската унија, соопшти Европол. Се верува дека е уапсените се дел од синџирот од 80 членови, кои организирале најмалку 30 шверцерски операции во кои најмалку 1.100 луѓе биле превезени со брод од Турција до брегот на Пуља, а потоа и до други европски земји на ЕУ.

Во Италија се уапсени 11 лица како и ирачки и сириски државјани кои пружале логистичка поддршка, изјави потполковник Џузепе Џулио Лео, шеф на италијанската финансиска полиција во Лече.

Тој изјави дека некои од нив биле уапсени порано во истрагата што била покрената пред повеќе од една година.
Осумнаесет луѓе се уапсени во Албанија и еден во Грција, соопшти Европол.
Се верува дека организаторите на операциите се во Турција, па затоа обвинителите во Лече ги активираа дипломатските канали, надевајќи се дека ќе ги уапсат водачите на таа криминална банда, рече Лео. Европол соопшти дека шверцерите наплаќале од 6.000 до 10.000 евра за превоз од Турција до јужна Италија

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пукање во мигрантски камп кај Сараево

Во мигрантскиот камп Блажуј кај Сараево синоќа…

Три малолетни девојчиња загинаа во несреќа со…

Три девојчиња, неофицијално сестри на возраст од…

Приведен криумчар на мигранти, пронајдени пет лица…

Денес рано наутро полицијата спречи нелегална трговија…

Автомобил полн со мигранти од Кина удрил…

Полицијата во недела привела триесет и петгодишен…

Скопјанец фатен како криумчари мигранти

На 26.02.2024 во 21.15 часот на улица…