Огpaбен и peкетиран Сергеј Самсоненко

t

Замислете си ситуација во која што порачувате инвертер систем за греење и ладење на вашиот дом или канцеларија, системот го исплаќате на време и во целост за потоа добавувачот да сака да ви го земе целиот стан затоа што соогласно неговите пресметки цената на чинење е многу поголема од таа што вие сте ја исплатиле.

Приказната во соодветнaта аналогија не завршува тука бидејќи во ваква ситуација одите на суд, но и покрај уредната документација и вештачење кои покажува дека добавувачот не ги исполнил своите обврски, судот носи одлука со која сака да ви го одземе станот, куќата, викендицата и речиси се што имате без никаква правна основа.

Епа токму ова му се случи на познатиот бизнисмен Сергеј Самсоненко кој инвестираше милиони евра во Македонија, ја донесе најголемата радост на македонскиот народ со две последователни титули како шампиони на Европа со РК Вардар.

Македонската јавност е одлично запознаена со фактот дека Република Македонија го има најниското ниво на директни странски инвестиции во регионот и додека во соседна Србија се отвараат илјадници работни места секоја година, македонските политичари поради лични фурстрации и рекет ги отурнуваат сите оние кои би помислиле да инвестираат во Македонија.

Да почнеме од почеток…

Сергеј Самсоненко е руски милионер, сопственик на Бетсити, најголемиот ланец на обложувалници во Русија, но и првата компанија во Федерацијата која стана дел од 500 најпроминентни компании.

Тој уште во 2006 година заедно со своето семејство решава да се пресели на Балканот, а за негов дом ја избира Македонија во која инвестира милиони евра и отвара илјадници работни места.

За разлика од останатите руски олигарси тој не се збогатил со приватизацијата туку отворил приватен бизнис за спортски обувки, почнал со неколку машини за набрзо потоа цела Русија да ги носи неговите патики.

Благодарение на неговото високо економско образование со кое се стекнал фактултетот во Ростов тој набрзо го прошили својот бизнис и во други сектори во Русија.

Во Македонија Самсоненко инвестираше во широк спектар на бизниси за во 2012 година да почне да инвестира во македонскиот спорт. За само две години тој стана сопственик на женскиот и машкиот Ракометен клуб Вардар, за потоа да стане сопственик на Фудбалскиот клуб Вардар и во целост да ги реновира спорстката сала Јане Сандански, но и тренинг центарот на ФК Вардар во Градскиот Парк.

Проблемите за рускиот бизнисмен во Македонија започнуваат во 2015 година, кога неговите компании започнуваат изградба на објектот „Офицерски Дом“ , а склучилуваат договор за Деловно-техничка соработка за инсталирање на машинска опрема за греење и ладење со компанијата „Кратер“

Оваа компанија која е клучна за сторијата е во сопственост на бизнисменот Миле Младеновски, кој потекнува од истото село од кое потекнува министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Една година подоцна Самсоненко потпишува нов договор со компанијата во кој стои дека веднаш по извршувањето на работата ќе бидат исплатени сите долгови кон компанијата на Младеновски.

Иако договореното не е исполнето од страна на компанијата „Кратер“ во 2018-та година спротивно на договорот, се бара извршување со цел наплата на долг од фирмат на Самсоненко која го склучила договорот..

Набрзгу потоа извшршител носи решение за блокирање на сметките на компаниите на Самсоненко на износ од 1,9 милиони евра.

Компанијата „Кратер“ тенденциозно не бара наплата на средствата туку веднаш бара стечајна постака за компанијата на Самсоненко „СИС Инвест Груп“.

Тенденцијата за уништување на бизнисменот Самсоненко и превземање на неговата компанија се гледа и во натамошните постапки на државните институции откако рускиот бизнисмен го исплатил долгот кон Кратер за неговата компанија да не оди во стечај.

Да иако долгот бил наплатен неговите фирми останале со блокирани сметки.

Но тука не завршува целата сага за рускиот бизнисмен. Имено фирмата на Младеновски преку правни перипетии, фалсификувани потписи, спротивно на законите и дефакто рекетирање на Самсоненко, незаконски се стекнала со удел од 9,5 милиони евра во компанијата на рускиот бизнисмен.

Со уделот од 9,5 милиони евра во неговата фирма „Кратер“ се стекнува минатиот ноември и покрај фактот што Самсоненко уредно и има исплатено на компанијата на Младеновски долг од 3.2 милиони евра иако фактичката состојба, односно финанското и машинското вештачење покажало дека фирмата на Младеновски инсталирала клима уреди во вредност нешто помала од 1.1 милиони евра.

Фирмата Кратер неосновано фактурирала и наплатила инсталација која никогаш не била изведена на лице место од неверојатно 2.1 милиони евра, па од таму сумата која рускиот бизнисмен го исплатил на македонската компанија изнесува 3.2 милиони евра.

Пајаковата мрежа која се кроела околу Самсоненко составена од бизнисмени, правосудни органи довела до фактичката ситуација каде поради наплата на побарување му се заканува целосно превземање на неговата компанија

За работите да бидат уште поинтересни, Самсоненко во ниту еден момент не бил известен дека ќе му биде запленет удел во неговата компанија, нема ниту налог за таквото неосновано побарување, а неговиот адвокатски тим дознава случајно дека е направена промена во Централниот регистар.

За шизофреноста да биде уште поголема, присилната наплата која направил скопски ивршител е за дополнителен долг од 500 илјади евра кој според одбраната на Самсоненко е неоснован.

Но тоа не е се. Компанијата „Кратер“ oткако државата наплатила од рускиот бизнисмен преку заплена на удели во „СИС ИНВЕСТ ГРУП“ ДОО Скопје износ од 9.5 милиони евра, сега бара удел во висина од 10 милиони евра во фирмата на Самсоненко „СИС АВИАТИОН“ ДООЕЛ Скопје.

Доколку ja имаме во предвид целосната документација на случајот односно сите договори важечки, неважечки, законски, спогодбени, ниту меѓу редовите на истите не постои извршна клаузула која го поткрепува овој чин на благо речено „грабеж и рекет’’ на бизнисменот.

Ваква операција за буквален грабеж на странски државјанин во Македонија е возможно само со амин на власта, извршна и правосудна, односно цела мрежа на адвокати, судии, нотари, извршители, бизнисмени.

Фактичката состојба, вели дека на Самсоненко му се наплатува 40 пати поголема сума по најновото побарување на „Кратер од 500 илјади евра.

Само во Македонија може да се случи некому да се наплатат 20 милиони евра за долг од 500 илјади евра или доколку ја земеме во предвид целата сума која се наплаува од Самсоненко за клима уреди кои соогласно вештачењето вредат 1 милион евра, од рускиот бизнисмен се наплатуваат за неверојатни 23 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Дали Мицкоски барал 15% рекет од…

Градоначалникот на Карпош и лидер на ГРОМ,…

Политиката против правдата – кој го штити…

Арафат Муареми, директорот на Финансовата полиција, се…

Со “амин” од Врховен, Катица и Боки…

Врховниот суд ја потврди пресудата за случајот…

Синот на Катица Јанева: Ќе дојде ден…

Синот на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, адвокатот Лазар…