ЦИА: Русија не стои зад синдромот Хавана – истрагата за мистериозната болест продолжува
Повеќето случаи на таканаречениот синдром Хавана може да се објаснат со еколошки причини, недијагностицирани здравствени состојби или стрес, а не со дејства преземени од странска сила, објави денеска „Њујорк тајмс“ цитирајќи претставници на американската Централна разузнавачка агенција.
Повеќето од тие 1.000 случаи на синдромот Хавана испитани од американските иследници се објаснети и покажуваат дека мистериозната болест не ја предизвикала Русија или друг странски противник, изјавија претставници на ЦИА.
Исто така, беше објавено дека ЦИА продолжува да истражува повеќе од дваесет необјаснети случаи, односно наводната мистериозна болест што ги зафати американските дипломати, официјални лица и членови на нивните семејства.
Синдромот првпат го привлече вниманието на јавноста во 2016 година кога десетици дипломати во американската амбасада во Хавана се пожалија на мигрена, гадење, слаба меморија и вртоглавица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Млада лаборантка почина од чума во Русија,…
Жена почина од белодробна чума во регионот…
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…