Српската влада ги пoништи сите договори со „Рио Тинто“
Владата на Србија вечерва ја укина уредбата за Просторниот план на специјалното наменско подрачје за реализација на проектот за експлоатација и преработка на јадарит руда, со која, според премиерката Ана Брнабиќ, се поништени сите управни акти поврзани со копанијата Рио Тинто и нејзината ќерка компанија Рио Сава Експлорејшн.
– Поништени се сите решенија, сите дозволи, изави српската премиерка по владината седница на вонредна прес-конференција.
Таа додаде дека е укината Работната група за спроведување на проектот Јадар, со што, како што рече, се исполнети сите барања на еколошките протести и се стави крај на Рио Тинто во Србија.
– Со ова се што се однесува на проектот Јадар и Рио Тинто се е завршено, изјави таа јави Бета.
Движењето „Еколошко востание“, кое обединува организации, здруженија и групи граѓани, веќе неколку месеци протестира со блокади на патиштата, инсистирајќи да се прекине проектот за истражување и ископ на литиум во Србија и да се укинат сите дозволи и да се раскинат сите договори.
Тие упатија до Владата ултиматум сите тие документи да бидат јавно објавени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…
Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…
Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…
Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…
Србија отвори фабрика за израелски дронови, Вучиќ…
Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека денеска…