Петков го oдби барањето на Русија, НАТО нeма да се повлече од Бугарија

t

Новиот бугарски премиер го одби барањето на Русија, НАТО да се повлече од Бугарија. Петков беше повикан во Парламентот од страна на ГЕРБ, да се изјасни за барањето на Русија за повлекување на силите на НАТО од сите земји кои не биле членки на Алијансата во периодот пред 1997 година, што ги вклучува земјите од Централна и Источна Европа,меѓу кои се и Романија и Бугарија.

Петков ја повика Руската федерација да остане ангажирана во дијалогот за деескалација на тензиите и да работи за посигурна Европа. Рече и дека, Вашингтонскиот договор не предвидува втора категорија држави-членки, за кои колективната одбрана би се употребувала по потреба и во ограничен обем.

Ова се случува откако руското министерство за надворешни работи побара НАТО да се врати на конфигурацијата од 1997-та година. Министерот Сергеј Лавров изјави дека, безбедносните гаранции што Русија ги бара од Запад за повлекување странски војници, оружје и опрема важат и за Бугарија и Романија.

Двете други клучни прашања коишто Русија ги бара од НАТО и САД се: откажување од распоредувањето на ударни системи во непосредна близина на границата со Русија и запирање на натамошното проширување на НАТО кон истокот.

На ова, американскиот државен секретар, Антони Блинкен, уште на 13 јануари изјави дека вратата на НАТО за прием на нови земји-членки и понатаму ќе биде отворена.Воедно, членките на НАТО на средбата на Советот НАТО-Русија ги офрлија барањата на Москва и го повторија нивниот став дека членството во НАТО е суверена одлука на секоја независна држава и Русија нема право на вето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петрова и Муцунски во четврток ќе се…

Министрите за надворешни работи на Македонија и…

Русија нападна брод под либериско знаме во…

Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…

Русија ги повика странците и дипломатите да…

Русија денес објави дека ќе продолжи да…

(Видео) Посмртните останки на цар Самоил предадени…

Бугарскиот премиер Румен Радев пристигна во Музејот…

Млада лаборантка почина од чума во Русија,…

Жена почина од белодробна чума во регионот…