Мицкоски чека покана од Ковачевски

t

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека досега не разговарал со премиерот Димитар Ковачевски и додаде дека се уште очекува покана од него за средба.

Мицкоски вели дека не ја условил таа средба туку само кажал што очекува, односно, како што рече, дека меѓу другото ќе разговараат и за предвремени парламенатарни избори.

Според него, има десетици причини за предвремени парламенатрни избори.

– Резултатите на последните локални избори, во првиот и во вториот круг, мерењето на јавното мислење претходно, имаше вест во која јавноста кажува што очекува, повеќе од две третини од граѓаните се за тоа дека треба нова влада бидејќи оваа Влада ја води Македонија во погрешна насока, изјави Мицкоски во Дневникот на ТВ Сител.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ информира дека веќе е подготвен и дека од понеделник во Собрание ќе поднесат закон за измени на Законот за Влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: ДУИ ќе ги мести изборите во…

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тврди дека…

Филипче: Предлогот на Димитриевски е алиби да…

Во своето обраќање на митингот во Радовиш,…

(Документи+видео) Нови 52,8 МИЛИОНИ денари за Стентон…

Тони Коњановски уште еднаш го позлати Стентон…

Нема Влада без Бугари во Устав! Касами:…

Имаме програма која ќе биде дел од…

На граница е приведен претседателот на ВМРО-ДПМНЕ…

Претседателот на огранокот на ВМРО-ДПМНЕ од Маврово…