Дали Филипче со хајката против „Алта банка“ создава терен за евтино преземање од страна на бизнисмен близок до СДСМ, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања на СДС и Филипче против „Алта банка“. Додека во јавноста се обидуваа да наметнат приказна за таканаречен српски свет, во позадина стои политичка хајка во која се кријат бизнис мотиви на лица блиски до СДС Филипче и кланот Заеви, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче и СДС со притисокот кон НБРМ и „Алта банка“, создаваат терен, бизнисмен близок до нив да ја купи банката за ниска цена.
Целта на СДС и Филипче е да се создаде недоверба, да се предизвика паника и да се наруши угледот и пазарната позиција на банката, со што евентуално би се создале услови за нејзино преземање по значително пониска цена од страна на бизнис-кругови блиски до Филипче и Заев“, порачаа од партијата.
Доказ, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, што ја поткрепува оваа информација е и прес-конференцијата на генералниот секретар на СДС, Александар Димитријевиќ, кој побара ПИОМ да не ги исплаќа пензиите на корисниците на „Алта банка“, со што прави кривично дело според член 315 од КЗ.
Филипче и СДС, оценуваат во ВМРО-ДПМНЕ, прават груба политичка злоупотреба креирајќи паника а позади тој параван стојат приватни економски интереси на Филипче и кланот Заеви.
„Граѓаните, да бидат спокојни. Се додека премиер е Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ власт, плати и пензии ќе има, а банки нема да пропаѓаат“, стои во партиското соопштение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали Филипче со хајката против „Алта банка“…
Разоткриен е вистинскиот мотив зад долгомесечната кампања…
„СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за двојни стандарди…
Петрушевски: Судиите на Филипче и Ахмети повторно…
Судиите на Филипче и Ахмети повторно во…
ВМРО-ДПМНЕ: СДС мајстори за загрозување на банкарскиот…
СДС се познати по пропаѓањето на банки…
Мицкоски за изборите во Брвеница: Очекувам победа…
Денеска ќе имаме завршно обраќање пред жителите…