Нов рекорд на српската железница: Возот достигна брзина од 201,5 километри на час

t

Возот со мерните возови на Германските железници за тестирање на брзата пруга од Белград до Нови Сад, достигна брзина од 201,5 километри на час. Возот таа брзина ја достигна во петокот попладне, без никакви потешкотии во функционирањето и сообраќајот, изјавија за Танјуг од железничката инфраструктура на Србија.
За прв пат брзината од 200 километри на час е постигната при пробното возење на делот од брзата пруга меѓу Стара Пазова и Нова Пазова.
По тој повод, брзинометарот во специјална локомотива, кој пристигна од Германија за тестирање на брза пруга во Србија, забележа максимална брзина од 201,5 километри на час.

Тестирањето се одвива според утврдената динамика и ќе продолжи во наредните денови.
На главната железничка станица Белград Центар во Прокоп има нова Телеком команда за сообраќај на брзи возови, односно Диспечерски команден центар каде стручните служби на српската железничка инфраструктура и изведувачите постојано го следат функционирањето на брзиот сообраќај и тестови.
На 17 јануари започна динамичното тестирање на пругата со брзина и до 200 километри на час од Белград до Нови Сад, а ден подоцна пристигна и специјалното мерно коло на германската железничка компанија „Дојче Бан“, која беше ангажирана за реализација на оваа работа.
Тестирањето на брзата пруга се врши во фази и во делници по целата брза пруга Белград-Нови Сад, а планирано е оваа фаза на тестирање да трае до 4 февруари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жена од Србија чува кокошки кои несат…

Весна Козак од Падина одгледува околу 40…

Вучиќ: По гласањето за Резолуцијата за Сребреница…

Генералното собрание на ОН најверојатно ќе гласа…

Најголем број туристи од Бугарија и Русија,…

Србија во март ја посетиле 153.155 странски…

Избрана новата Влада на Србија

Пратениците на Собранието на Србија попладнево ја…

(Не)успешно разоружување на Србија – Бројот на…

Една година по акцијата за разоружување на…