Албанија под снег, училиштата ќе останат затворени неклку дена
Целата територија на Албанија е покриена со снежна покривка, која во одделни населени места, достигнува и до 40 сантиметри, а насекаде регистрирани се ниски температури, кои од понеделник ќе паднат до -17 степени целзиусови.
Премиерот Еди Рама преку објава на Фејсбук потенцира дека неуморно се работи со цел патиштата во завеjаните подрачја да бидат проодни.
Министерството за одбрана редовно информира околу состојбата со проодноста на патните правци, како и состојбата со напојувањето со електрична енергија и апелира до граѓаните да го ограничат движењето.
Потешка е состојбата во планинските области, како што е Голо Брдо, каде според министерството сите патишта се непроодни, поради високата снежна покривка а областа е и без електрична енергија. Без електрична енергија се делови во Елбасан и Кукс.
Во текот на ноќта исчистен е автопатот Руга е Арбрит (патот на Арбр) Пешкопеја-Тирана, кој вчера беше затворен за сообраќај.
Од министерството за енергетика упатија апел до потрошувачите рационално да ја користат електричната енергија, додека од пред два дена Mинистертвото за образование информраше дека првите три дека од идната недела нема да има настава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Албанија ќе обучува украински војници
Албанската влада донесе одлуката за учество на…
Снегот предизвика колапс во БиХ: Луѓето заглавени…
Снег врне во поголем дел од Босна…
Раскинат е договорот со фирмата која го…
Раскинат е договорот со „Енергоинвест“ ДОО Сараево,…
Фон дер Лајен: Постигнати се пресвртници во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Нова тепачка во албанскиот парламент
Ден пред заедничката седница на парламентите на…