Брзо возење, неисправни возила, МВР имаше полни раце работа изминатото деноноќие.
“Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.01.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 155 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 34 санкции, 23 мерки за возење без возачка дозвола, 16 санкции за технички неисправни возила.
Изречени се 23 мерки за возење под дејство на алкохол, две санкции за зборување на мобилен телефон, шест мерки за некористење на сигурносен појас, 10 санкции за возач почетник, четири санкции за минување на затворен сигнал црвено светло.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.” – пренесуваат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Арсовска: Еве како МВР постапува кога некој…
Читај народе, како МВР постапува ВЕДНАШ кога…
СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки, набавуваат сомнителен…
ВМРО-ДПМНЕ повторно се враќа на старите патеки,…
Левица: Потценувачки и деградирачки услови за работа…
Незавидната положба во која се оставени припадниците…
(Видео) Родителите на загинатите во ПУЛС го…
Оти вие не знаете, на сета мака…
(Видео) НЕ ГИ ШТИТЕТЕ УБИЈЦИТЕ, НЕ СМЕ…
Не сме глупави, нема да молчиме, не…