(Видео)Братот на шефот на кабинет на Ковачевски произведувал дрога?

t

На партиска прес конференција портпаролот на ВМРО-ДМПНЕ, Наум Стоилковски, пренесе инфомација дека случајот на братот на шефот на кабинет на Ковачевски сѐ уште не е разрешен и има дополнителни олеснителни околности.

“Зад мене ја следите полициската видео снимка при акција во скопско Визбегово, каде според медиумските полициски спектакли, била пронајдена лабораторија за дрога, нелегални садници марихуана, просторија за сушење подготовка за продажба, шприцеви полни со хашиш, смола и што сѐ не.

Претресите се правени во неколку објекти и приведени се три лица, меѓу кои и 38 годишниот ИП.

И.П е затекнат при обработка на марихуаната! И сѐ ова се случува 24 септември 2020 година. И сѐ до ден денешен нема судска разрешница за овој спектакл, акција на МВР.

Напротив, има олеснителни околности.

Причината за тоа можеби лежи во фактот дека зад иницијалите ИП можеби е Иван Попов, брат на шефот на кабинет на Димитар Ковачевски, Мартин Попов?

По година ипол, случајот сѐ уште се влече по судските лавиринти, а наместо притвор како мерка за обезбедување, побарана од обвинителството за И.П., судот на режимот определува домашен притвор и повеќе пати истиот го продолжува.

Ако побарате на страната на ЈО, за сите вакви јасни кривични дела поврзани со производство на дрога , за дела спротивни на кривичниот законик, член 2015 – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, обвинителството бара а судот веднаш определува мерка притвор.

Притоа, случаите експресно минуваат низ судската постапка. Во овој случај година ипол тапка во место, а И.П., можеби Иван Попов, е во домашен притвор.

Причината не може да е поинаква освен одолговлекување на случајот, за кога еден ден во иднина случајот добие пресуда, евентуалното време за издржување затворска казна биде скратено со времето минато во домашен притвор, дотолку повеќе, ако воопшто Попов влезе во ќелија.

Почитувани,

Законот и ригорозните мерки, брзото судење, за вакви случаи важи за сите доколку не се роднини или дел од СДСМ.” вели Стоилковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пронајдена марихуана кај девојче во средно училиште…

Осумнаесетгодишно девојче било приведено откако кај нејзе…

Претрес во Велес: Пронајдена дрога кај 63-годишен…

Полицијата вчера привела шеесет и тригодишен велешанец…

Во Албанија уапсени повеќе од 200 луѓе…

Акцијата е изведена во текот на ноќта…