Зеленски: Украина нема да попyшти пред провокaциите

t

Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска ја повика Европската Унија да остане обединета против Русија, за време на разговорите со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и по контроверзните изјави на германските претставници.

Зеленски им се заблагодари на Мишел и на националните лидери на ЕУ за нивната солидарност и поддршката за време на конфликтот и тензиите со Русија.

Тој нагласи дека за Украина е важно да се зачува единството на сите земји-членки на ЕУ во заштитата на суверенитетот и територијалниот интегритет на неговата земја, поради потенцијалната руска инвазија“, се наведува во соопштението на украинското претседателство.

– Украина нема да попушти пред провокациите. Напротив, ќе ја задржи својата присебност, заедно со своите партнери- додаде Зеленски.

„Благодарен сум ви господине претседателе и на лидерите на земјите од ЕУ, чии дипломати остануваат во нашата земја и не поддржуваат во нивната работа“, му рекол Зеленски на Мишел во телефонскиот разговор.

Тој, исто така, кажа дека Украина нема намера да одговори на руските провокации.

Москва денеска уште еднаш го обвини Киев дека подготвува офанзива против проруските сепаратисти на истокот на земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија изгубила речиси милион и пол војници…

Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…

Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…

Русија почна да увезува горива за домашниот…

(Видео) Најмасовен украински напад врз Москва и…

Украински дрон ноќеска погодил магацин на „Вајлдберис“,…

Федоров: Наскоро ќе можеме да ја гаѓаме…

Украина во следните три до шест месеци…