Димитров: Мислам дека се брза во спорот, не е само да се тргне бугарското вето, важно е како тоа ќе се ќе се направи
Мислам дека се брза во спорот, ова е целосен став на новата влада, не е поврзано со претходната, смета поранешниот вицепремиер и поранешен министер за надворешни работи, Никола Димитров, говорејќи за претстојната заедничка седница меѓу македонската и бугарската влада во Софија.
Според Димитров, претходниот став бил дека ова е пакет.
-Ако ги тргнеме елементите ќе биде потешко за компромис. Во вторникот се потврди дека само Македонија направи отстапка. Мора по лекциите од минатото да не правиме еуфорија и да бидеме внимателни. Тешките теми остануваат. Успехот не е само да се тргне бугарското вето, туку и начинот на кој ќе се направи тоа. Не мислам дека проблемот ќе се реши, ако се преправаме, вели Димитров во гостувањето на Дневникот на ТВ Сител.
Поранешниот министер додава дека е важно да се повторува дека постои македонски јазик и македонско малцинство во Бугарија.
-Јазикот мора да стои чисто во преговарачката рамка, истакнува Димитров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарскиот МОЛ сака да ја купи рафинеријата…
Унгарската компанија за нафта и гас МОЛ…
Двајца Македонци фатени со 137 килограми марихуана…
Двајца државјани на Македонија се приведени на…
Љубчо Георгиевски на свое барање се сретнал…
Бугарскиот претседател Румен Радев го примил во…
Бугарскиот пазар полуде: Се нуди паркинг место…
Гаража или паркинг место за автомобил во…
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…