Софиска агенда: Со кого ќе се сретнат Ковачевски и Османи во Бугарија?

t

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав.

“Вечерва заврши првиот ден од официјалната посета на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и на владина делегација од Северна Македонија на Бугарија.

Работниот дел од официјалната посета започнува утре, во вторник на 25 јануари со пленарната меѓувладина седница со која ќе копретседаваат претседателите на владите на Северна Македонија и Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков.

Агендата предвидува тет-а-тет средба на премиерите Ковачевски и Петков и состанок на министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи и министерката за надворешни работи на Република Бугарија Теодора Генчовска.

Премиерите и министрите на двете влади после одделните работни средби е предвидено да продолжат со пленарната седница на којашто ќе бидат презентирани резултатите од работните групи, после што ќе следува потпишување меморандуми и договори за соработка.

Работниот дел на заедничката седница на Владите на Република Северна Македонија и на Република Бугарија завршува со прес-конференција на премиерите Ковачевски и Петков на која пред новинарите и јавноста ќе ги презентираат резултатите од меѓувладината сесија.

Во попладневните часови утре, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, придружуван од членови на Владата, ќе има одделни средби со претседателот на Република Бугарија Румен Радев и со претседателот на бугарското Собрание Никола Минчев.

Вечерва заврши првиот ден од официјалната посета на претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски и на владина делегација од Северна Македонија на Бугарија.

Работниот дел од официјалната посета започнува утре, во вторник на
25 јануари со пленарната меѓувладина седница со која ќе копретседаваат претседателите на владите на Северна Македонија и Бугарија, Димитар Ковачевски и Кирил Петков.

Агендата предвидува тет-а-тет средба на премиерите Ковачевски и Петков и состанок на министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија Бујар Османи и министерката за надворешни работи на Република Бугарија Теодора Генчовска.

Премиерите и министрите на двете влади после одделните работни средби е предвидено да продолжат со пленарната седница на којашто ќе бидат презентирани резултатите од работните групи, после што ќе следува потпишување меморандуми и договори за соработка.

Работниот дел на заедничката седница на Владите на Република Северна Македонија и на Република Бугарија завршува со прес-конференција на премиерите Ковачевски и Петков на која пред новинарите и јавноста ќе ги презентираат резултатите од меѓувладината сесија.

Во попладневните часови утре, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, придружуван од членови на Владата, ќе има одделни средби со претседателот на Република Бугарија Румен Радев и со претседателот на бугарското Собрание Никола Минчев.” известуваат од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Неколку функционери од ДУИ фрлија сенка…

Несоодветното однесување на неколку функционери од ДУИ…

Села: Прво уставни измени па формирање влада

Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села…

Хилари Клинтон ќе ја посети Бугарија во…

Хилари Клинтон доаѓа на специјален состанок на…

Бектеши: Не влегуваме во влада која нема…

Европскиот фронт има договор со албанската опозиција…

1.325.900 луѓе во Бугарија живеат под прагот…

Во 2023 година, вкупната линија на сиромаштија…