Митева: Незаконски наплатените средства од компаниите за брзи кредити се враќаат кај над 26.000 граѓани

t

Денеска сакаме да ја информираме јавноста за јасната одлука на Владата да се провери работењето на сите лиценцирани финансиски друштва или да биде поедноставно за јавноста, проблемот со брзите кредити, соопшти денес во изјава за медиумите

Знаевме дека отвораме едно од најгорливите прашања за многу семејства. Знаевме што значи кога до крајот на месецот треба да се платат сметките, да се обезбеди сè што му е потребно на семејството и да се најдат средства за ратата. А кога со секоја опомена доаѓа нов трошок, притисокот врз тие семејства станува уште поголем.

Институциите работеа тивко, посветено и со целосен фокус. Само четири месеци по преземената обврска, денес ние го имаме резултатот. Морам да потенцирам дека за првпат Државниот пазарен инспекторат спроведува надзор од ваков обем. Во овој сектор, ги опфати сите 27 лиценцирани финансиски друштва. За незаконските постапувања кај утврдените неправилности ќе оставам простор да информираат директорот и министерот. 

Она што за нас како Влада е исклучително важно е што со донесените решенија, овие друштва се задолжени да вратат над 140 милиони денари на повеќе од 26.000 граѓани низ целата држава, рече портпаролката на Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Митева: Незаконски наплатените средства од компаниите за…

Денеска сакаме да ја информираме јавноста за…

Студентската листа: Блиску сме до договор за…

Студентската листа е блиску до решение за…

Мицкоски: Владата е најстабилна во овој дел…

„Владата се избира со мнозинство од 61…

Владата најави можност за докуп на до…

Граѓаните на кои им недостигаат до 24…

Владата прави методологија струјата да не поскапи,…

Владата прави методологија за да се задржи…