Со разврат ги ошурил граѓаните: Еден ручек на Шилегов ги чинел граѓаните три минимални плати

t

Градоначалникот на Петре Шилегов ги ошурил македонските со неверојатни суми кои трошел по кафеани и за репрезентација.

Протечени документи од Град Скопје го откриваат развратот на претходната локална власт кога станува збор за пари потрошени по кафеани и ресторани, пари на македонските граѓани.

Првиот документ се однесува на репрезентација во кафеана со обучувачи за скалата на Шилегов која ги чинеше граѓаните 1.7 милиони евра, каква што во Загреб била набавена за околу 700 илјади евра.

Од сметката се гледа дека се потрошени 46 илјади денари за 8 души во кафеана, а лицата се гоштевле со луксузна храна и алкохол.

За службен ручек со гости од Холандија повторно е потрошена вртоглава сума на пари.

На овој ручек се потрошени речиси две минимални плати од 15 илјади денари.

На друг ручек пак за репрезентативни трошоци во кафеана биле потрошени 8 илјади денари.

Сумите кои Град Скопје ги потрошил во изминатите години за непродуктивни трошоци се астрономски, поголемиот дел од јавните претпријатија се во сериозни долгови, а Шилегов градската каса ја остави празна.

Шилегов за 2022 испланирал да потроши 32 илјади евра за кафеани.

Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска објави дека средствата од договорот склучен со три угостителски субјекти од страна на претходното раководство, во вредност од околу 32 илјади евра ќе бидат пренаменети за бесплатни оброци за граѓани од социјално загрозени категории преку Ретвитни Оброк и Црвениот крст на Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи: Дали да нацртам? Нема влада без…

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства…

Твојата бескрајна љубов кон Тоше беше една…

Познатата актерка Весна Петрушевска со емотивна фејсбук…

Несреќа на Галичник, тешко повредена девојка по…

Вчера во 15.00 часот во СВР Тетово…

(Вознемиувачко видео) Еве како изгледа фронтот после…

Снимена грозоморна сцена по борбата тело в…

Уапсен поранешен помошник министер, поранешен декан и…

На барање на Европското јавно обвинителство (ЕППО)…