Штpaјк на железничарите: Немаат земено плата

t

Од 7.00 часот утрово патничкиот и товарниот железнички сообраќај е во прекин, поради бојкот на машинскиот и извршниот персонал во „Железници – Транспорт“. Како што изјави за МИА Душко Чакаровски, претставник на машинскиот персонал, причина за бојкотот е неисплатениот втор дел од декемвриската плата.

Тој се повика на Одлуката од 2 ноември 2021 година, според која, машинскиот и извршниот персонал нема да ги извршува работите ако платата за претходниот месец не биде во целост исплатена до 25-ти во тековниот месец.

Се повикуваме на оваа Одлука и поради тоа не ги извршуваме работите. Веднаш ќе продолжиме со работа кога ќе ни се исплати вториот дел од декемвриската плата – нагласи Чакаровски.

Тони Димовски, пак, кој исто така е претставник на машинскиот персонал, кусо одговори дека се во тек „разговори и преговори околу барањето“.

Согласно Одлуката од ноември, машинскиот и извршниот персонал во Железници – Транспорт бара и исплата на материјалните трошоци до 10-ти во тековниот месец. Прекин на железничкиот патнички и товарен сообраќај имаше и на почетокот на август, како и во ноември 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗАГИНАТИТЕ ИМАЛЕ 27 И 49 ГОДИНИ: Детали…

Полицијата соопшти детали за тешката сообраќајна несреќа…

Крмов од Делчево: Регионалниот пат од Делчево…

Пратениците од Левица во Парламентот ќе се…

Крмов од Македонска Каменица: Посебен закон за…

Денес, Носителот на листата на Левица во…

Почувствуван земјотрес во скопското епицентрално подрачје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на…