Регистрирани првите случаи на новата подваријанта на омикрон во Словенија

t

Словенија досега се потврдени два случаи на новата подваријанта на омикрон, наречена БА.2, чии карактеристики сè уште не се целосно познати, Словенечката лабораторија за здравје, животна средина и храна, која секвенционира заразени со коронавирус примероци, објави во четвртокот.

Подваријантата е откриена во брисеви кои се секвенционирале во првите две недели од јануари, потврди Тјаша Жохар Чретник, директор на националната лабораторија, на прес-конференција, додавајќи дека примероците се од североисточна Словенија, а престојувале во странство.

Споменатата подваријанта е веќе евидентирана во Данска и нејзините карактеристики се уште не се истражени и јасни, но според некои податоци е уште позаразна од претходните соеви, но не предизвикува посилни симптоми, пишуваат словенечките медиуми.

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 14.206 нови инфекции со коронавирус, а уште 12 лица починаа во петтиот бран на епидемијата предизвикана од омикрон.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

БЕЛГИСКИ СУД: На 17 мај рочиште за…

Основниот суд во белгискиот град Лиеж за…

„Не се рекламирајте на проруски медиуми на…

Големите брендови како Лидл, Кока-Кола и Лореал…

Балканска работа: Српски историчар го прогласи Рилскиот…

Српски историчар го прогласи Рилскиот манастир за…

Небензја: Денеска над Балканот демне опасност од…

Постојаниот претставник на Руската Федерација во ОН,…

(Видео) СТРАШНО НЕВРЕМЕ во Словенија и Србија…

Невреме денеска имаше и во Словенија. Регистрирани…