Сиљановска Давкова: Пржинската влада треба биде укинaта, не може да овозможи фер и демократски избори и видовме како власта може да ја злоупотрeбува

t

Моделот на Пржинска влада е неуставен, никаде во Уставот нема дека треба преодна влада, дополнителни министри. Не е тоа влада која ќе овозможи фер и демократски избори, администрацијата да биде непристрасна, туку арена за блокади и треба да се тргне, изјави во „Вин вин“ на Телма професорката и пратеничка Гордана Сиљановска Давкова при што потенцираше дека како држава која претендира да биде дел од ЕУ треба расчисти со ваквите слаби механизми за кои се покажа дека власта ги злоупотребува.
За држава која сака да ги почне преговорите со ЕУ, треба да биде пристојна држава, а држава со вакви механизми е слаба држава во која има опасност од злоупотреба на статусот на владејачката партија, сетете се само на случајот со министерката Рашела Мизрахи иако невозможно е да смените технички министер бидејќи тоа беше резултат на одредбите, рече Сиљановска Давкова.
Таа нагласи дека треба да ставиме крај на Пржинска влада која беше само за 2016 година и за да имаме пристојна влада и за да ги имаме роковите од уставот, да речеме надминавме една фаза и еве сме поблиску.
Сиљановска Давкова посочи дека Пржинската влада мора да биде укината во Парламентот и конечно да почне да се следат препораките на Венецијанската комисија за Изборниот законик.
– Повеќе не може да се зборува за четирите политички партии, локалните избори покажаа нов елемент во партиската сцена, кој се појави под многу тешки околности, проблеми како рекламирање и платено политичко време се појавија. Затоа ова не треба да се разговара помеѓу партиите туку во Парламентот и да го отвориме прашањето за промена на Изборниот законик на линија со препораките на Венецијанска комисија и треба да се смени реториката, за да не бидеме во партитократски систем во кој не се знае партија, а што државна институција, изјави Сиљановска Давкова.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче…

Пензионерите денес имаат конкретени резултати кои што…

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ги мерат „АРМИИТЕ“…

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ денес повторно…

ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех…

Филипче денес се најде да зборува за…

Владата најави можност за докуп на до…

Граѓаните на кои им недостигаат до 24…

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…

Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…