Сиљановска Давкова: Сите паметиме дека СДСМ и Заев беа тие кои им ветија на помалите партии една изборна единица и од тоа не треба да бегаат
Веднаш треба да почне расправа, не само за изборната регулатива, не само за изборниот систем бидејќи ние имаме препораки од Венецијанската комисија кои не сме ги спровеле и тоа треба да го обезбедиме, изјави професорката и пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова во емисијата „Вин вин“ на телевизија Телма при што во врска со прашањето за една изборна единица кое го бараат помалите партии и за кое ВМРО-ДПМНЕ, додека СДСМ бега, потсети на зборовите на екс премиерот Зоран Заев кој го вети тоа.
Таа вели дека Венецијанска комисија а ни ЕУ не се мешаат во изборниот модел, тој извира од амбиентот во една држава и целите кои ги поставила и потсети дека за една изборна единица СДСМ го даде како ветување при коалицирање со помалите партии.
– Дали сака помал број на партии, поголем број на партии, од хетерогеноста. Кога имате проблем со демократија нема подобар изборен систем од мнозинскиот кој е непосреден однос помеѓу оној кој го бирате во личноста и партијата, но има пример во Британија во која партијата на власт имала помалку гласови од другите што не станале власт, тоа е едното. Второто е една изборна единица и таму пропорционалноста е соодветна. Но мора да знаеме дека само Србија и Холандија имаат една изборна единица, рече Сиљановска Давкова.
Таа нагласи дека сепак кога има пропорционален изборен систем има и праг.
– Може да се разговара и за изборниот праг, но мораме да ги споредиме добрите и лошите страни што ќе се појават, изјави Сиљановска Давкова.
Во однос на предизборното коалицирање таа истакна дека треба да се направи биланс помеѓу репрезентативност и стабилност, а ние како држава важиме за фрагментирана партиска сцена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Апасиев до ВМРО-ДПМНЕ: Драги неспособњаковци, лекот за…
Лекот за Скопје е централизација, а не…
ВМРО-ДПМНЕ гумат таблоид, сеат шпекулации за да…
Разбирлив е стравот на ВМРО-ДПМНЕ од претседателот…
СДСМ: Ако помине помине, Владата повторно под…
Неверојатно е на што е спремна Владата…
СДСМ: Неквалификувани ревизори и насилници поставени од…
Не запираат скандалозните назначувања на неквалификувани и…
Доколку не сака да заврши како СДСМ,…
Доколку не сака да заврши како СДСМ,…