Пандев: Македонија ми е во срцето, а Италија ми е втор дом
Горан Пандев испиша историја во македонскиот фудбал, изминатото лето со капитенската лента на раката ја предводеше репрезентацијата на дебитантскиот настап на едно Европско првенство, во март ќе биде во улога на гледач за време на баражот за пласман на Мундијалот во Катар.
Пандев на настапот на Евро 2020 ја заврши репрезентативната кариера, а како член на Џенова ја игра последната сезона во кариерата во која најголем дел ја помина во Италија, која е противникот на фудбалерите во баражот. Тој за „Раи Спорт“ даде свое видување на претстојниот натпревар (24 март), смета дека иако Италија е фаворит, избраниците на селекторот Благоја Милевски не смеат да се потценат.
– Италија е фаворит, игра на домашен терен и е актуелен европски шампион. Сепак, Македонија верува во успех, мојата репрезентација нема што да загуби. Луѓето веруваат во овие момци, кои ќе играат без притисок и ќе дадат се од себе. Одлуката да се повлечам со настапот на ЕП беше најдобра за сите. За мене Италија секогаш била втор дом, децата ми растат овде, но Македонија секогаш ми е во срцето- изјави Пандев за „Раи Спорт“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Амнести интернешнел“ ја повика Италија да го…
Италија треба да го прекине договорот со…
Ренесансни слики со непроценлива вредност украдени од…
Во музеј на Сицилија, украдени се четири…
„Мислевме дека спие“: родители во Италија возеле…
Родители возеле околу 100 километри низ Италија…
Италијански бизнисмен поставил бомба пред домот на…
Италијанскиот бизнисмен Валтер Лавитола признал дека го…
Ескалира спорот во ЕУ: Шпанија воведува гранични…
Шпанија воведе гранични контроли на целиот воздушен…