Панова до Османи: Два часа од Вашето скапоцено време ли вреди ова битно прашање за целата македонска јавност
„Не можам да се изначудам, зошто сте денес тука господине Бујар Османи? Еден ипол е часот,а Вие мора да заминете.
Е, да два часа од Вашето скапоцено време ли вреди ова битно прашање за сите Македонци во Македонија, за целата македонска јавност.
Сите медиуми се денеска тука, целиот фокус е тука. И Вие не можете да одвоите повеќе од два часа за да објасните на македонскиот народ што е тоа за што преговарате“, истакна Ели Панова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на седницата на Комисијата за надворешни работи.
Панова додаде дека потребно е одредени медиуми да излегуваат со информации дека од денес ќе се има постапка, се утврдува рокот кога македонските Бугари ќе влезат во македонскиот Устав. А, Бујар Османи уста не отвори за ова прашање за да каже еден збор.
„И дури се чудам и на колегите пратеници кои што за жал тука и не можам да ги избројам на една рака, нема пратеници ниту пет од власта предводена од СДСМ и ДУИ. Да излезат овде на говорница и да кажат дали сме ние исти луѓе. Ние исти ли сме овде во оваа сала? Имаме ли исти заеднички интереси? Имаме ли исти заеднички прашања“, запраша Панова.
Панова ги запраша претставниците од власта и пратениците од владејачкото мнозинство дали се чувствуваат Македонци, како вакви прашања не ги засегаат.
„Дали зборуваме на ист јазик? За исти работи дали зборуваме? Дали исто ве боли вас како што не боли нас? Прашањата кои што ние нашите колеги денес ги отвораат тука очигледно на поголемиот дел од вас воопшто не ги допираат. Воопшто не ги интересира. Ова е жално“, нагласи Панова.
Панова рече дека сите граѓани во Македонија се за една цел државата да влезе во ЕУ, но не и да се задираат националните интереси.
„Знаете ли кога ќе влеземе во ЕУ? Кога ќе ги исполниме и сите други поглавја“, укажа Панова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) „Вмровска“ шота за прослава на Илинден…
Со албански фолклор Собранието го одбележува најголемиот…
(Документи) Илјадници народни пари потрошени на ручеци…
Шетајте луѓе, народ плаќа. Над 17.500 евра…
(Видео) Битиќи: Во најава е „Франкенштајн економија”, …
„Наместо фискална консолидација, имаме тотална фискална деструкција.…
Хактан: Владата создава паралелни структури на извршната…
Повторно се создава паралелна власт во институциите,…
Крмов: Левица наскоро ќе поднесе интерпелација за…
Левица наскоро ќе ја поднесе интерпелацијата за…