Мицкоски: Задоволен сум Арсовска, затекна лоша состојба од својот претходник

t

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во гостувањето во емисијата „360 степени“ на Алсат М, во врска со работата на градоначалничката на Град Скопје, истакна дека е задоволен од првичниот перформанс која таа го покажа на функцијата имајќи предвид дека нејзиниот претходник градот го остави во катастрофална состојба.

– Сосема сум задоволен од првичниот перформанс имајќи предвид информации кои јас ги знам, што за жал не ги знаат доволно граѓаните. Состојбата која беше затекната е алармантно катастрофална. Тоа требаше да го знае јавноста и тогаш дел од овие критики кои се упатени кон градоначалничката Арсовска немаше да бидат упатени бидејќи луѓето ќе ја знаеја состојбата со која таа се зафати. Навистина е херојски добро да се зафати некој со една таква состојба да ја решава, рече Мицкоски.

Тој посочи дека според оваа перцепција и она што и е на располагање на Арсовска таа може да направи три работи, прво да дозаврши нешто кое што е почнато од нејзиниот претходник бидејќи се што е почнато е почнато без да биде осмислено, а градот е преземен со потрошен буџет.

– Втората работа е да ја подобри хигиената и мислам дека видливо во Скопје, се чистат депонии, веќе нема преполни контејнери, веќе нема отпадоци по улиците. Третата работа е да се подготвува за следната сезона, а тоа е да отпочне со проектирање на проекти и реализацијата на тие проекти да заврши на пролет, да се подобри администрацијата и тоа е она што таа го има на располагање во овие месеци, изјави Мицкоски.

Тој нагласи дека јавноста треба да знае каде завршувале парите, што се случувало во јавните претпријатија, како се гоштевале и имало привилегирани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ прво се извинија па сега откриваат…

Во два наврата претходно за време на…

ОБИД ЗА УБИСТВО НА БЕНЗИНСКА ВО СКОПЈЕ!

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.А.(34)…

Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…

Во Радуша никнува нов парк, но не…

Тешка кражба во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

(Видео) ЕКСКЛУЗИВНИ ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ НА СКОПСКИОТ…

Во вечерашната вонредна епизода на „Тешки муабети“…